Дизајн

Изберете паметно: 4 правила за очила за сонце

Во топлите летни денови постојат неколку аксесоари без кои што навистина не можеме. Освен заштитните креми од сончевите зраци, костимите за капење, еден од најзначајните аксесоари кој што служи не само во текот на летниот период туку и во текот на целата година се очилата за сонце. Доколку сè уште се немате одлучено за вистинските очила кои што ќе ги користите во најтоплите летни денови, размислете добро пред да го направите вашето следно купување.

1. Не ја компензирајте вашата безбедност со стилот и обратно

Доколку во вашето секојдневие користите очила со диоптер, изберете стилски и урбани очила за сонце со вашиот, соодветен диоптер, без притоа да се ограничувате во однос на стилот. Со Nooz ќе ги поместите границите на конзервативното, монотоното, стандардното и здодевното. Ќе се доживеете себе си како урбан номад, кој е во постојано движење.

2. Округли или коцкасти, изберете сами и бидете секогаш свои

Направете избор на очила кои совршено ќе одговараат на вашето лице, без разлика дали тоа се заоблени или очила со поостри рабови. Изборот нека ви биде очила со лесни и флексибилни рамки, но отпорни на пад, удар и безбедни за сместување во заден џеб.

3. Изберете очила со соодветна заштита

Од исклучителна важност е да посветите внимание при изборот на очила за сонце во однос на заштитата кои може да ви ја понудат. Неквалитетни леќи може да имаат негативни последици по здравјето на окото или безбедноста во движењето, доколку нивната изработка создава дисторзија во сликата.

Изборот треба да ви биде насочен кон квалитетни леќи кои несомнено ќе ви овозможат заштита од штетното UV влијание од сонцето, без притоа да влијаат на промена на сликата.

4. Усогласете го стилот со најмилите

Овозможете му го најдоброто на Вашето дете и заштитете го неговиот вид од штетните влијанија на сончевата светлина со очилата за сонце од Nooz, со најдобар квалитет на леќи и дизајн кој секое дете ќе го обожува. А, истовремено бидете неверојатно добро комбинирани со стилот и изгледајте совршено на секоја ваша прошетка.