Uncategorized

Идеален летен аксесоар за оваа сезона

Летен аксесоар

Оваа сезона се препорачува едноставен стил со малку детали, со фокус на комфорот и лесен, летен аксесоар. Едноставниот стил треба да биде надополнет со голема торба од мек материјал или мрежа која ќе ја акцентира лежерноста, но истовремено ќе ја задржи практичноста. Нема да биде реткост да се забележат мноштво на унисекс парчиња како правец во модата кој се повеќе добива на популарност.

Покрај лежерноста, сепак постојат неколку аксесоари кои остануваат задолжителни ова лето:

  • Добри очила за сонце

Епитетот „добри“ може да биде разбран во поширок контекст. Токму неговата сеопфатност треба да биде ваш фокус. Изберете очила кои пред се го заштитуваат вашиот вид и се направени од препознатлив производител. Од исклучителна важност е квалитетот на леќите да биде соодветен, а декларираната UV заштита вистинска. Стилот е исто така од голема важност со цел да се чувствувате комфортно и самоуверено. Се препорачува ова лето да изберете очила со едноставна, органска форма и доволна флексибилност да се прилагоди на вашиот лик.

  • Издржлив накит

Во текот на летото и одморите избегнувајте злато како летен аксесоар и тоа не само поради неговата вредност и опасноста од губење и кражби, туку затоа што го обременува стилот со формалност. Среброто е добар избор, но во контакт со вода материјалот потемнува при што е потребно професионално чистење. Затоа вашиот избор нека биде накит од не`рѓосувачки челик кои ќе ве следи во текот на целото лето.е пошле на вистинскиот стилски пат.

  • Чадор / кабаница

Не дозволувајте да бидете изненадени од временските непогоди и уживајте во вашето патување во целост.

Како надополнување на овие додатоци земете квлаитетен ремен направен од лесен, еколошки материјал. Но, што и да биде вашиот избор секогаш чувствувајте се природно, удобно и самоуверено. Така ќе бидете сигурни дека сте пошле на вистинскиот стилски пат.