Кујна

Силиконски садови: потреба или опасност

Силиконските садови за готвење поради својата флексибилност, практичност, леснотија на користење и одржување, како и забавните форми и бои во кои се достапни веќе подолго време се едни од најпопуларните предмети во кујната.

Но, имајќи предвид дека силиконот е синтетски создадена компонента сосем е легитимно прашањето: „Дали се тие безбедни?“.

Научните трудови објавени на оваа тема, како и Food and Drug Administration (FDA) ги дозволуваат за употреба, тврдејќи дека силиконот е инертен материјал кај кој нема опасност од миграција на хемикалии во храната. Сепак, честопати настанува забуна и силиконот кој се користи во садовите за готвење и малите кујнски алатки се споредува со пластика, иако пластиката претставува петрохемиска супстанца, додека силиконот е направен од кварц.

За да се започне процесот, од внимателно одбран песок, наменет за производство на вакви садови се изолира силика која пак се загрева до 1800˚C, при што се добива силикон. Добиениот силикон се лади и се меле додека не се добие ситен прав. Понатаму следи процес на кондензација на молекулите со цел добивање на долги, верижни молекули од „гумениот силикон“ кој го користиме во кујната и кој е безбеден за таков тип на употреба.

Сепак од исклучителна важност е да се посвети внимание при изборот на силиконските садови за готвење затоа што, иако сите силикони за таа намена се безбедни за употреба, се разликуваат во своите ограничувања. Имено, одредени производители не препорачуваат нивните силиконски садови да бидат изложени на високи температури, други пак да не бидат подложени на температури на мрзнење. Прекршувањата на правилата дадени од производителот може да доведе до уништување на самиот сад за готвење и крајно, несакана миграција на штетни компоненти во храната.

Затоа, изберете го најмодерниот тип на силиконски садови за готвење, изработени од единствениот платински силикон инкорпориран во сите производи од компанијата Lékué. Платинскиот силикон подлежи на дополнителен чекор во производството што го прави поцврст, пофлексибилен, подолготраен и најбезбеден за користење.