Ликови

Топ 10 најпознати уметнички слики

Помеѓу милионите уметнички слики од признати уметници, прикажани во галериите и музеите ширум светот, постојат неколку кои се надигруваат со времето и создаваат историја. Оваа избрана листа на најпознати уметнички слики содржи дела кои се препознатливи за многу луѓе од целиот свет, од сите возрасти. Еве кои слики се дел од нашиот избор.

1. Мона Лиза – Леонардо да Винчи

image2

Најпознатата слика во светот и главната атракција на музејот Лувр во Париз, каде што годишно доаѓаат околу 6 милиони луѓе за да ја погледнат, е секако Мона Лиза. Леонардо да Винчи ја насликал во 1503-тата или 1504-тата година, кратко време пред да почине, во 1519-тата година.

2. Тајната вечера– Леонардо да Винчи

Уште една светски позната слика на Леонардо да Винчи е секако „Тајната вечера“. Интересно е тоа што оваа слика не е прикажана во музеј, туку се наоѓа на задниот ѕид од трпезаријата во манастирот Санта Марија дела Грација. Насликана е кон крајот на 15-тиот век, а ја опишува сцената на кога Исус им кажува на своите апостоли дека некој од нив ќе го предаде.

3. Ѕвездена ноќ – Винсент ван Гог

Холаѓанецот ја создава сликата во 1889-тата година и таа станува едно од најпознатите уметнички дела во модерната култура. Сликата е дел од постојаната колекција на Музејот на модерна уметност во Њујорк.

4. Создавањето на Адам – Микеланџело

Уметничката слика позната како „Создавањето на Адам“ е создадена во периодот помеѓу 1508-та и 1512-тата година. Сликата е една од деветте сцени кои се насликани на таванот на Систинската капела, во Ватикан.

5. Врисок – Едвард Мунк

Најпознатото дело на Едвард Мунк е насликано околу 1893-тата година. Интересно е дека сликата била создадена на картон со користење на масло и пастел. Оваа „застрашувачка“ слика се наоѓа во Националната галерија во Осло, Норвешка.

6. Долготрајноста на спомените – Салвадор Дали

Уметничката слика на феноменалниот шпанец е создадена во 1931-та година и со сигурност е едно од најпрепознатливите светски, уметнички дела. Позната е по тоа што ги тера луѓето да размислуваат за начинот на живеење и начинот на кој го поминуваат своето време. Се верува дека Дали ја пронашол инспирацијата во Теоријата на релативноста на Алберт Анштајн.

7. Девојката со бисерна обетка – Јоханес Вермер

Ова ремек-дело на холандскиот уметник е создадено во 1665-тата година и е изложено во галеријата Маурициус во Хаг, Холандија. Уметничката слика е позната и како „Холандската Мона Лиза“.

8. Ноќна стража – Рембрант

Уметничката слика е изложена во рамките на Државниот музеј на Амстердам (Rijksmuseum). Рембрант ја создава во 1642-та година, а на неа е прикажан градскиот чувар кој се придвижува према надвор, предводен од капетанот Франс Банинг Кок, неговиот поручник и останатите членови на војската.

9. Герника – Пабло Пикасо

Најпознатото уметничко дело на Пабло Пикасо е секако „Герника“, создадено во 1937-та година. Сликата е насликана во Париз, а како инспирација му послужило бомбардирањето на Герника, за време на Граѓанската војна во Шпанија. Сликата е постојано изложена во Музејот на Кралицата Софија, во Мадрид, Шпанија.

10. Автопортрет на уметникот без брада – Винсент ван  Гог

Иако Ван Гог е познат по тоа што насликал неколку автопортрети, ова е далеку најпознатиот, а воедно и неговиот последен автопортрет. Тој и ја подарил оваа слика на неговата мајка, како роденденски подарок. Ова е една од најскапите слики на сите времиња, продадена за 71,5 милиони долари во 1998-та година, а сега е дел од приватна колекција. Сликата е создадена во 1889-та година.