Ликови

Зошто обувките од дизајнерот Кристијан Лубутан се толку скапи?

Кога на пазарот на луксузни обувки ќе се забележат високи потпетици или генерално обувки со црвена подлога на долниот дел, тогаш по автоматизам се знае за кој бренд и за кој дизајнер станува збор – Кристијан Лубутан. Станува збор за бренд кој е следен од страна на милиони луѓе, кои им се навраќаат на тие обувки повторно и повторно, па и покрај што тие чинат буквално едно мало богатство, постои причина зошто оние кои сакаат квалитет, го одбираат овој бренд.

Се прашувате зошто цената на еден пар високи потпетици или обувки чини стотици, а често и илјадници долари? Покрај позадинските трошоци за производство и употребата на скапи и луксузни материјали, високите потпетици на Лубутан се ултимативен симбол за статус! Токму затоа, тие се најчест таргет за познатите, јавни личности од целиот свет.

Обувките со заштитен знак во вид на црвена боја чинат од 695 долари, а најскапиот пар достигнува сума од околу 6000 долари. Идејата да се создадат обувки со црвена подлога, Кристијан ја добива во 1993 година, кога случајно забележал дека некоја вработена ги бојадисувала нејзините нокти во црвена боја. Тоа му се допаднало, па го позајмил шишенцето и набрзина создал  еден прототип на чевли, боејќи ја подлогата токму во црвена боја.

Во 2013-та година, The New York Times побара објаснување од Лубутан зошто неговите обувки се толку скапи. Тој најпрво одговара „Криви се трошоците за производство на навистина квалитетна обувка. Скапо е да се направат обувки во Европа.“ Од 2008-ма до 2013-та година, тој вели дека трошоците за производство на неговата компанија се зголемиле двојно, бидејќи еврото зајакнува во однос на доларот, а конкуренцијата за квалитетни материјали од фабриките во Азија значително се зголемува.

Дејвид Мескита е човекот со чија компанија директно соработува Лубутан, во однос на поправка на чевлите, повторно бојадисување или заменување на црвената подлога. Дејвид ќе каже дека постојат многу работи и еден комплетен процес кој влегува во дизајнот и изработката на обувките. Според него, најважно е кој го потпишува парчето, односно дизајнерот, потоа кој го произведува и секако, кои материјали се употребуваат. Клучно е и огромното внимание кое се посветува на деталите при изработката, без разлика дали станува збор за употреба на пердуви како додатоци, кристали или други егзотични материјали. На крај, потрошувачите го плаќаат и статусот кој го има дизајнерот и неговиот бренд во целина.

Во продолжение, погледнете го видето со овие, но и уште повеќе информации во врска со брендот Лубутан, кое е направено од страна на Business Insider:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *