Унца злато до 1500 долари – Зошто златото е толку скапо?
Златото се смета за вистинско олицетворение на богатството. Не само што се користи како материјал од кој се изработуваат скапи производи, туку се употребува и како додаток на луксузните производи како што се паметните телефони, автомобилите, па дури и во храната и пијалоците. Сепак, другите метали кои се можеби и доста поретки од златото се многу поевтини. Што го прави златото толку скапо?
Историски гледано, научниците го поврзуваат потеклото на златото со судирот на две неутронски ѕвезди во вселената, урнати во форма на метеорити уште пред околу 3,9 милијарди години. Подоцна, како прв познат пример на контакт со овој материјал е определен периодот од пред околу 40.000 години, во палеолитските пештери. Но, што точно е златото?
Златото е релативно редок метал, кој е специфичен по својата огромна разновидност, бидејќи може да се деформира т.е. менува многу лесно. Она што го разликува од останатите употребливи и скапоцени метали е неговиот тотално уникатен, светло-жолт изглед. Кога сме кај разновидноста во однос на употребата, сигурно сте забележале дека тоа е еден од првите подароци кои невестата ги добива. Симболиката се крие во олицетворението на љубовта и емоциите. Доколку сте инвеститор, златото е идеална алатка за диверзификација на портфолиото и слично.
Со текот на многу векови, цивилизациите ширум светот биле заљубени во овој прекрасен метал. Доволно е само да ги споменеме античките Египќани. Тие не само што го употребувале златото како валута, туку го употребувале и за закопување на тела. Всушност, кралот Тутанкамон бил погребан во три ковчези обвиткани со злато, чија вредност денес се проценува над вртоглави 1 милион долари.
Идентификацијата на рундици со злато е застрашувачко тешка задача. Можат да бидат потребни до 10 години за геолозите, хемичарите и инженерите да испитаат потенцијална локација. Дури и тогаш, веројатноста тој рудник да се развие во продуктивен рудник за злато е помала од 0,1%.
Сепак, на земјата, златото е насекаде! Се употребува во медицината, архитектурата, електрониката, па се’ до личната употреба како накит. Сепак, може да биде изненадувачки колку малку злато всушност има на Земјата. Доколку се стопи целото злато од 190.000 тони, кое е проценето на земјата (со исклучок на неистраженото, она кое е потенцијално во рудниците) и биде подеднакво поделено за секој човек на планетата Земја, сите ќе добиеме околу една унца чисто, 24-каратно злато. Тоа е во вредност од околу 1500 американски долари. Па, како се дели оваа количина во разните индустрии?
Од околу 190.000 тони злато, приближно 50% се употребува за производство на накит. Следниот процент по големина го добиваат приватните инвестиции. Централните банки учевствуваат со околу 17% од тој обем на злато. И на крај, околу 13% – 14%, се употребува во технологијата или стоматологијата.
Дали иднината на златото е светла како и неговиот сјај? Се’ потешко и потешко е да се лоцираат нови наоѓалишта. Геолозите проценуваат дека само 55 тони остануваат закопани во Земјината кора. Тоа би значело дека може да се случи недостаток од злато за само 20 години.
Значи, како што ископувањето на злато продолжува да забавува, а трошоците со рударството се зголемуваат и се јавуваат разновидни предизвици и тешкотии, златото би можело да стане уште поскапо во иднина!