Здрав Живот

Здрава храна, за здрав живот

Конзумирањето на здрава храна е клучна за вашето здравје. Внесувањето на храна богата со хранливи материи помага за подобро варење на храната, го одржува мозокот активен, обезбедува доволно енергија и ги зајакнува коските и мускулите. Други придобивки од внесувањето на здрава храна во вашиот организам се: намалување на можноста за настанување на хронични болести, ослободување од стресот, како и намалување и контролирање на вашата телесна тежииа.

Зрнести плодови

Плодови како што се малините, имаат најмногу хранливи влакна кои содржат анти-канцерогени својства. Јагодите се богати со витамин Ц, кој е добар за кожата. Боровинките се богати со антоцијанини и антиоксиданси кои помагаат за подобрување на меморијата, но и го јакнат имунитетот.

Лушпа од Портокал

Лушпата од портокалот е полна со флавоноиди кои се познати борци против ракот. Д-лимонене е уште една состојка која ја има во портокаловата лушпа, а е докажана во борба против штетните УВ зраци и го намалува ризикот од рак на кожата.  Витамини, минерали, растителни влакна се само дел од работите кои ги има во лужшите од овие овошја.

Сладок компир

Слатките компири содржат алфа и бета каротен. Телото ги претвора овие соединенија во витамин А, кој помага при одржувањето на здравјето на очите и коските и подобрувањето на имунитетот.

Брокула

Овој зеленчук претставува пакет од витамини Ц, А и К (кој им помага на коските). Содржи и фолна киселина која помага при стимулирањето детоксификација на ензимите во организмот.

Чај

Чајот е богат со антиоксиданси наречен флавоноиди. Со редовно пиење на чај го намалувате ризикот од Алцхајмерова болест, дијабетес и некои видови рак. Тој исто така ги подобрува забите и непцата и ги прави коските посилни.

Спанаќ

Спанаќот е преполн со важни хранливи материи: витамини А, Ц и К, како и со растителни влакна, железо, калциум, калиум, магнезиум и витамин Е. Спанаќот е добар извор на фолна киселина и витамин Б (растворлив во вода) кој помага за формирање на нови клетки, правејќи го особено важен за трудници.

Јогурт

Јогуртот содржи „добри бактерии“ кои помагаат за одржување на здравјето на стомакот. Тој е исто така богат со калциум, кој помага во спречување на остеопорозата.