Дизајн

15 кујнски алатки кои ќе ви го олеснат животот

1. Lotus™ – сад за готвење на пареа. Направен од високо квалитетна пластика и ногарки од силикон, се прилагодува на сите типови тенџериња.

2. Stretch™ / MyKitchen Set of 3 trivets  – подметач. Уникатниот дизајн овозможува да се постават повеќе садови истовремено, а доколку не ги користите, уредно се собираат за да зафатат што помал простор.

3. Multifunction Suction Lid – поклопец. Може да го користите за пржење, печење, варење или пак чување на храната, благодарение на составот од силикон и платинум. Капакот создава вакуум во истиот момент кога ќе ја допре површината на садот.

suctionlid_1270235_v09_02_1

4. Food & Spice Store – теглички за складирање на храна и зачини. Поставени на ротирачка подлога, зачините секогаш ќе ви бидат на дофат на раката.

5. Prep and store  / Nest storage – садови за складирање и чување на храна. Без оглед на тоа дали треба да ја ставите храната во фрижидер или пак да ја понесете некаде со себе, овие садови се неопходни во секоја кујна!

6. Elevate Carousel Set – Функционални шарени лажици за брзо и ефикасно приготвување на храна кои не ги оштетуваат вашите садови. На долниот дел од лажиците се наоѓа додатен дел кој не дозволува допирање до подлогата на кујната од хигенски причини. Сетот се состои  од 6 различни кујнски алатки поставени на вртлива база. Отпорни се на топлина до 240°С.

7. Rotary Peeler-кружен лупач – Функционална алатка со три вида сечила кои овозможуват брзо и лесно лупење на секаков вид овошје и зеленчук. Изработена е од нерѓосувачки челик и полимер. Лесно се расклопува.

8. Twin One – претставува мултинаменски прибор за јадење. Односно истовремено можете да ги користите како нож и вилушка,но воедно и како кинески стапчиња. Спојувајќи ги ножот и вилушката добивате стапчиња, додека ако ги одделите ќе добиете нож и вилушка.

9. Cooking Bag – оваа силиконска ќеса има двојна функција. Може да се искористи за чување на храна или пак на течности во фрижидер/замрзнувач или пак да ја искористите за готвење на некое ваше омилено јадење во микробранова печка.

10. Multigrater – повеќенаменско ренде. Се состои од 3 различни рендиња, две од нив се направени од челик додека третото е направено од пластика. Кутијата во која овие рендиња се составени е стабилна и нелизгава, специјално направена и за леваци и за деснаци.

11. My Kitchen – Сет за во кујна со држач. Овој сет за во кујна се состои од ножици, маша , шпатула, нож за кастрење и нож за лупење. Сите се ставени во практичен, удобен држач кој служи и како цедилка.

12. My kitchen-држач за прибор и детергент – Овој сет зафаќа минимален простор и се состои од 4 секции и практичен дел каде е сместена пумпата за сапун. На самото дно има отвори кои овозможуваат водата да се собере во базата која се отстранува.

13. Defrosting net – алатка за одмрзнување и цедење. Оваа алатка е практична, флексибилна, лесна за употреба и хигиенска. Нејзиниот состав и овозможува да се растегнува и да може да се искористи на секаков сад. Направена е од силиконски платинум.

14. Extend-Цедач за чинии и прибор – Овој разноврсен цедач за чинии и прибор ви овозможува лесно и брзо сушење на чиниите и приборот за јадење. По потреба може да биде издолжен скоро дупло повеќе, од неговата првична големина. Интегрираниот отвор помага за полесно цедење на вишокот вода.

15. Cut&Collect-Даска со фиока – Оваа е крајно практична даска. Се состои од цврста пластика на која се сецка храната и интегрирана фиока која може да се извади и да се користи за ставање на сецканата храна или на несаканите отпадоци од храната.