Рецепти

Безвременска класика: Чизбургер со BBQ сос

Легендата вели дека препознатливиот чизбургер настанал на многу спонтан начин кој не покажал никакви знаци дека ќе биде создаден безвременски, светски хит.

Историјата на чизбургерот е многу буквална и соодветствува на значењето на зборот, сендвич со плескавица и кашкавал. Имено, 16 годишниот Lionel Sternberger од Калифорнија во 1924 решил да стави парче кашкавал во хамбургерот кој неговиот татко го приготвувал во нивната сендвичарница. На двајцата им се допаднал толку многу што по извесно време решиле дека ќе го продаваат под името „хабургер со кашкавал“.

Вафли со прелив од чоколадо и јагоди

ЗА 4 ЛИЦА

20 МИНУТИ

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

600 гр. телешко или свинско месо
1 јајце
Половина кромид
Сецкан магдонос
1 лажичка сенф
80 гр. кашкавал
Краставица и домати

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА СОСОТ:

200 гр. кечап
3 супени лажици вински оцет
1 лажица мед
1 лажица сенф
1 чешне лук
1 лажица масло
1 лажица лимунов сок
Сол/Бибер

ПОТРЕБНИ АЛАТКИ:

УПАТСТВО:

1. Олупете го кромидот, исецкајте го и измешајте го со месото, магдоносот, сенфот, јајцето, солта и биберот и добро измешајте ја смесата од која ќе направите плескавици.

2. Направете 4 бургери со модлите, а на секоја плескавица направете вдлабнатина (со горната страна од белиот додаток со кој ги притискавте плескавиците) и додадете кашкавал.

3. Испечете ги и ставете ги во лепчиња. Внатре додадете ги другите состојки (салатите).

 

ЗА BBQ-СОСОТ:

1. Изгмечете го лукот во сад и додадете малку сол и бибер.

2. Додадете ги зачините, сенфот и медот и мешајте.

3. Додадете ги останатите состојки и мешајте додека не добиете смеса.