Дизајн, Ентериер, Мебел

KARTELL – 70 години италијанска совршеност

Kartell е познат по своето индустриско производство на најквалитетни дизајнерски производи, со извонредна технолошка содржина, Made in Italy. Од изборот на иновативни и сертифицирани материјали, до употребата на напредни технологии, Kartell може да им гарантира на корисниците на своите производи колекција во која технологијата, квалитетот, отпорноста и издржливоста се дел од нејзината ДНК.

Основана од Џулио Кастели во 1949 година, во раните години Kartell ги направи своите први чекори за да го произведе препознатливиот дизајн што ќе ја олицетвори етикетата „Произведено во Италија“.

Низ овие години Kartell соработуваше со најпознатите дизајнери и архитекти како Филип Старк, Рон Арад, Антонио Цитерио , Феручио Лавијани, Пјеро Лисони, Патриша Уркиола, Марио Белини, Алберто Меда и Вико Магистрити, кои создадоа многу производи по кои брендот стана препознатлив. Во 1999 година Kartell стана првата компанија во светот која користеше поликарбонат за производство на мебел, благодарение на долгогодишно истражување и благодарение на револуционерната иновација.
Kartell моментално може да се пофали со 150 продавници.

Во KARES Premium можете да ги најдете производите на Kartell.