Рецепти

Лосос со каенски бибер и црвен пипер

Лосос со каенски бибер и црвен пипер

Состојки:
1-5 oz лосос
5 лаж. масло
1 чешне лук
1 лаж. каенски бибер
1 лаж. црвен пипер
Сол и бибер

Упатство:

• Во Lékué садот за готвење на пареа ставете ги маслото, исецканиот лук и каенскиот бибер.
• Додадете го лососот и попрскајте со сол и бибер. Гответе 2 минути на 800 W.
• Кога садот ќе се извади од печката, да стои затворен уште 1 минута. Извадете го лососот од садот и ставете го на тањир. Потоа во садот додадете црвен пипер и масло и измешајте ги со другите состојки. Пред служење истурете го сосот врз лососот.

Совет:
• Ако не сте љубител на луто, не мора да ставите каенски бибер.
• За да биде јадењето поавтентично, на почетокот со маслото, лукот и каенскиот бибер, додадете и малку оцет.
• Времето на готвење варира во зависност од големината на парчињата лосос. Дебело парче од околу 1.5 инч (4 см) е иделен избор.
• Послужете го лососот со компир подготвен во микробранова печка (видете ги табелите на почетокот).