Рецепти

Морски гргеч со зеленчук

Морски гргеч со зеленчук

Состојки:
2 лаж. вода
1-5 oz филе морски гргеч
Бибер
1 мал морков
½ мала тиквичка

Упатство:

• Во Lékué садот за готвење на пареа ставете вода, а потоа ставете ја решетката. Ставете го гргечот на решетката, и зачинете со сол и бибер.
• Исечето го зеленчукот на парчиња и ставете го врз рибата. Повторно зачинете со сол и бибер. Затворете го садот и гответе 2 минути на 800 W.
• Кога садот ќе се извади од печката, да стои затворен уште 1 минута.

Совет:
• Ако сакате, зеленчукот можете да го готвите  2 минути на решетката со 2 лаж. вода, пред да ја ставите рибата.
• На крај можете да додадете маслиново масло за дополнителен вкус, или да ја послужите рибата со винегрет сос: соја-сос и сусамово масло во однос 2:1. Можете и да попрскате со печени бадеми за да биде крцкаво.
• Предлог за служење: ставете 1 лаж. пире од домати со маслиново масло и по желба, тревки како: босилек, магдонос или темјан на тањирот. Потоа само ставете ја рибата одозгора.