Рецепти

Пудинг од кафе

Пудинг од кафе

Состојки:
1 шоља млеко
2 јајца
½ шоља шеќер
2 кришки сув леб
2 кафиња еспересо

Упатство:

• Ставете ги лебот и кафето во Lékué садот за готвење на пареа. Со вилушка убаво измешајте.
• Во одделен сад измешајте ги јајацата, млекото и шеќерот за да добиете хомогена смеса. Додадете ја оваа смеса во Lékué садот за готвење на пареа и гответе 5 минути на 500 W.
• Потчукнете го садот за да го истурите пудингот во тањир.

Совет:
• Не мора да употребите кафе ако не сакате. Пудингот и без тоа има одличен вкус.
• Зачинете го пудингот со цимет, кора од лимун или ванила.
• Послужете го пудингот од кафе со шлаг и круша со рузмарин (стр. 72).
• По желба, можете пудингот да го направите со пандишпан и други видови колачи.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

13 + two =