Здрав Живот, Хигиена

Како до долготрајна свежина во домот?

Мирисот е една од првите работи што луѓето ги забележуваат во вашиот дом, а не е реткост и самите да го забележиме тоа по подолг престој надвор од домот. Пример за тоа е летниот одмор кога подолг период не сме дома и повеќе не сме навикнати на тој мирис. Моментот кога ќе се вратиме забележуваме дека навистина и нашиот дом има специфичен мирис.

Сето тоа зависи од многу параметри, дали користиме освежувачи за воздух и какви, колку често проветруваме, дали домот е изложен повеќе или помалку на сончево зрачење, дали живееме близу до водена површина или не, дали готвиме дома и каква храна најчесто готвиме и така натаму. Но, за сето ова не сме свесни поради фактот што колку подолго сме изложени на исти и постојани мириси, толку помалку можеме да ги забележиме. Тоа се нарекува сензорна адаптација, или неформално, „заслепување на носот“.
Се вели дека вистинскиот мирис на чистота воопшто не е мирис, напротив, се работи за отсуство на мирис. Но, со денешното брзо темпо на живот и немањето доволно време за себе си и за домашните обврски, со сигурност може да се соочиме со мешавина од различни ароми и миризби кои ги користиме за брзо освежување на домот. Сепак, постојат неколку паметни начини да ги скриете мирисите кои ги сметате за непожелни, а да истакнете пријатна арома во вашиот дом, без да купувате вештачки спрејови во боци под притисок (налик на дезодоранси) кои најчесто се штетни и за вас и за околината.

1. Користете дифузер (распрскувач на микро-капки) во комбинација со ароматични масла и парфемска вода или стандарден освежувач на водена база

Само неколку капки висококвалитетни етерични масла или парфемска вода се доволни за дифузерот да ги разлее прекрасните ароми низ целиот дом. Освен тоа што ќе создадете прекрасна свежина, голем дел ароматични масла имаат природни, лековити својства и се ослободени од хемикалии и вештачки полнители.
Лимон, лаванда и каранфилчето се само неколку мириси што ќе го освежат целиот ваш дом, а ќе обезбедат и придобивки како што се релаксација и прочистување на воздухот од микроорганизми. Освен тоа, дифузерот преку распрскувањето на микро капки ќе овозможи навлажнување на воздухот, што е особено полезно во зимските периоди кога користиме греење, што често доведува до сушење на слузницата, очите и создава кашлица и непријатности во носот.

 

2. Ставете неколку различни видови на билки или овошки во сад со врела вода

Топлината од водата и нејзиното испарување бргу ќе го распространат мирисот низ целата просторија, слично како кај дифузерите, со клучна разлика што дифузерите не создаваат испарување под дејство на топлина, туку распрснуваат микро капки во воздухот, што ги прави далеку побезбедни од овој метод.

Некои од покарактеристичните миризливи овошки и билки кои се користат со оваа метода за освежување на домот се лимон во комбинација со ванила и рузмарин, или пак цимет, портокал и јаболка за постигнување на вистинска есенска атмосфера.ќ

3.Исчистете го детално мијалникот во кујната

Освен тоа фокусот да биде поставен исклучиво на внесување нови, пријатни мириси во домот, од исклучителна важност е да се открие од каде поттикнуваат непријатните мириси кои го нарушуваат расположението, секако доколку постојат такви.

Еден од најчестите извори на специфични, непријатни мириси е во кујната и најчесто доаѓа од мијалникот и тоа во случај кога не правите соодветно задржување на отпадот при миењето, при што делови од храна се задржуваат низ цевките и таму скапуваат, или пак доколку на вашиот одводен систем во кујната имате поврзано мелница за отпад а не ја чистите доволно често и темелно.