Бања, Ентериер, Хигиена

Како до подобра хигиена во тоалетот?

Чистењето на тоалетот дефинитивно не е работа која уживаме често да ја правиме, но сепак е една од поважните во домаќинството за која треба да водиме грижа. Оваа обврска за често и детално чистење на тоалетот произлегува од фактот дека тоа е место во кое најчесто егзистираат едни од најштетните микроорганизми. Поради тоа, од суштинска важност е како правилно да го исчистиме, но и со какви предмети тоа го правиме.

Освен постојанто чистење, за да се дојде до темелно одржување на хигиената на тоалетот од голема важност се и користените естетски и функционални додатоци во тој простор. Со цел да ги избегнеме штетните микроорганизми, кои се развиваат речиси насекаде во тоалетот, потребно е да избереме правилни предмети за одржување, кои најпрво ќе бидат практични за користење, а исто така ќе имаат и убав изглед.

Тој процес може да се започне со неколку, едноставни чекори:

1. Избор на адекватен сад за четки за заби
Четките за миење заби доаѓаат во директен контакт со нашата слузница, па затоа мора да се внимава при избор на соодветен сад за нивно складирање. Треба да се избегнува да бидат заедно со други дополнителни работи како бричеви и пасти за заби, поради тоа што во садот се насобира многу вода, а влагата доведува до непријатна миризба и развој на мноштво бактерии.

 

2. Четка за тоалет со силиконски влакна
Четките за тоалет најчесто се направени од густо поставени, полимерни влакна кои по одредено време ја менуваат својата боја, ја губат цврстината и формата, во внатрешноста акумулираат нечистотии, а со тоа се намалува и нивната ефикасност или самите стануваат извор на зарази. Поради тоа четката за тоалет треба да ја менувате на секој 2-4 месеци во зависност од интензитетот на користење или пак да набавите четка за тоалет направена од силиконски влакна, кои со секое користење на четката ќе се измиваат од водата и нема да дојде до наталожување на нечистотии на самите влакна како што е случајот со пластичните четки за во тоалет.

 

3. Користење патосници
При излегувањето од туш, често се случува подот да се навлажни, што ја прави средината, освен опасна од лизгање и адекватна за ширење на микроорганизми, што може да ги пренесете насекаде во домот. Ова го прави чистењето со џогер неопходно во тоалетот. Но, она што џогерот не може да го направи е да ја собере влагата останата во воздухот, која ќе кондезира на останатите површини.
Користењето на патосници од квалитетен материјал (особено сертифициран, органски памук) освен тоа што ќе допринесе за изгледот на тоалетот и удобноста при неговото користење, ќе овозможи и делумно впивање на влагата од воздухот со што ќе се овозможи подобрување на хигиената во тоалетот, а со редовно перење и адекватно сушење, самата патосница ќе остане хигиенска.

 

4. Користење на квалитетни освежувачи и детергенти за облека
Овој услов не е директно поврзан со хигиената на бањата, но дава чувство на свежина и зголемена чистота на просторот.