Дизајн, Ентериер

Арт Деко со екстравагантен come back

Сите оние кои сметаат дека геометриските форми и силните бои се најдоброто нешто што му се случило на дизајнот, вклучително и на дизајнот на ентериер, со сигурност мечтаат за времето на The Great Gatsby и гламурот на дваесетите и триесетите години од минатиот век. Период кога силните бои, препознатливата геометрија и деталите на уметничкиот пристап зборувале за гламурот и луксузот на многу домови низ целиот свет, од Рио Де Жанеиро до Париз.

Овој пристап, иако најпопуларен во споменатите години, не ја губи својата слава и понатаму и интензивно се бори рамо до рамо со светските, за тоа време помодерни трендови. Трагите кои овој пристап ги оставил во дизајнот влеваат интерес и кај денешните дизајнери кои во последните години го внесуваат повторно на големи врати во својот уметнички пристап.

Дизајнерите вообичаено работат на Арт Деко пристапот концентрирани околу „акцент“ парчињата во уредувањето, иако храбрите го инкорпорираат во својот дизајн од подот, се до плафонот.

 

Во продолжение уживајте во Арт Деко форми, шаблони, предмети и ентериери кои можеби ќе ви дадат инспирација за едно поинакво, моќно уредување на вашиот дом: