Рецепти

Артичоки во зелен сос

Артичоки во зелен сос

Состојки:
1/3 шоља вода
1 лаж. брашно
2 лаж. маслиново масло
1 чешне исецкан лук
Свеж магдонос
2 средни артичоки
Сол

Упатство:
• Додадете ги водата, маслото, лукот и исецканиот магдонос во Lékué садот за готвење на пареа. Затворете го садот и гответе 1 минута и 30 секунди на 800 W.
• Излупете ги артичоките до срцевината и истата исечете ја на 4 дела. Прво ќе ги излупите надворешните листови, а потоа ќе ја исечете основата.
• Срцевината од артичоките додадете ја во садот и гответе уште 4 минути на 800 W. Отворете го садот и добро промешајте. Служете ги артичоките со сосот одозгора.

Совет:
• Може да додадете и исцеден конзервиран аспарагус или исецкано тврдо-варено јајце при служење.