Рецепти

Лазања со зеленчук

Лазања со зеленчук

Состојки:
Претходно сварени лазањи
1/3 тиквичка
1 ¼ шоља згмечени домати
½ мал кромид
¼ модар патлиџан
1/3 црвена бабура
Рендан пармезан
Сол
Бибер

Упатство:

• Исецкајте ги кромидот и бабурата. Исечете ги модриот патлиџан и тиквичката на парчиња од ¼ инч. Зачинете го зеленчукот со малку сол и бибер. На дното на Lékué садот за готвење на пареа ставете една лазања, а врз неа тенок слој (1 лаж.) од згмечените домати.
• Одозгора повторно ставете лазања и врз неа малку згмечени домати. Редете половина од зеленчукот по ваш сопствен редослед и одозгора завршете со згмечени домати и рендан пармезан. Додадете уште една лазања и ставете ја другата половина од зеленчукот. Покријте со згмечени домати и малку пармезан. Завршете го целиот процес со уште една лазања, домати и пармезан.
• Затворете го садот и гответе 7 минути на 800 W. Потоа уживајте.

Совет:
• По желба, можете да употребите друг зеленчук: моркови, печурки, зелена пиперка, итн.
• За згмечените домати добра замена е пирето од домати.
• Употребувајте и други видови на кашкавал.
• Додадете лешници или суво грозје за поинаков и неочекуван вкус.
• Јадењето може да се направи и со несварени лазањи со што ќе заштедите време. Доколку користите такви лазањи, времето на готвење во микробрановата печка ќе го продолжите на 10 минути, а модриот патлиџан и тиквичката исечете ги на парчиња од ½ инч затоа што ќе се готват подолго.