Рецепти

Леќа со мешан зеленчук

Леќа со мешан зеленчук

Состојки:
¼ мал жолт кромид, исецкан
¼ шоља црвена пиперка, исецкана на коцкици
½ мал морков, исецкан
1 лаж. пире од домати
1 лаж. вода
1 лаж. маслиново масло
Сол
Бибер
2/3 шоља варена леќа

Упатство:

• Исецкајте го зеленчукот и ставете го во Lékué садот за готвење на пареа заедно со пирето од домати, водата, маслиновото масло и малку сол и бибер.
• Добро промешајте, затворете го садот и гответе 3 минути на 800 W.
• Додадете ја варената леќа, измешајте и гответе уште една минута.

Совет:
• Ова јадење можете да го направите и во Ogya.
• По желба, за ова јадење можете да употребите секаков зеленчук, она што ќе ви се најде во фрижидер.
• Имате Чоризо (пикантен свински колбас)? Исечете го на тенки парчиња и додадете 1 лаж. лут црвен пипер.
• Можете да правите варијации од овој рецепт со боранија, грав, итн.
• Имајте на ум дека леќата содржи јаглени хидрати, протеини, влакна, витамини и минерали. Комбинација од леќа и ориз претставува извор на протеини со подобар квалитет.
• Леќата можете да ја направите побрзо во Lékué садот за ориз. Само додадете шоља сува леќа во садот и 2 шољи вода. Ставете го садот во микробрановата печка и гответе 20 минути на 800 W.