Рецепти

Праз со Рокфор сирење

Праз со Рокфор сирење

Состојки:
3 стракови праз со средна големина
¼ шоља крем
¼ шоља млеко
¼ шоља Рокфор сирење
Сол

Упатство:

• Отстранете го надворешниот слој на празот и измијте го. Поткастрете ги коренот и зелените краеви на празот. Исечете го секој страк праз на 3 дела.
• Ставете ги сите состојки во Lékué садот за готвење на пареа. Затворете го садот и гответе 8 минути на 800 W. Извадете го садот од микробрановата печка.
• Ставете го празот на тањир и истурете го сосот одозгора. Се служи топол.

Совет:
• Доколку ви остане од јадењето, исецкајте го празот и ќе добиете одличен сос за шпагети кој можете да го ставите во фрижидер и да го искористите подоцна.
• Кога јадењето е готово, ако вкусот е пресилен од очекуваното (затоа што сосот е погуст), можете да додадете малку млеко.
• Имајте на ум дека ова јадење има висока калориска вредност поради кремот и сирењето. Трба да го јадете само во одредени прилики и да го балансирате со другите јадења во вашето мени: месо или риба со салата.
• Не морате да користите Рокфор сирење. Кое било друго сино сирење ќе биде добра замена.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

1 × 5 =