Рецепти

Грашок со кромид и сланина

Грашок со кромид и сланина

Состојки:
Половина мал жолт кромид
2 ленти сланина исецкана на коцкички
¾ – 1 шоља замрзнат грашок
Бибер
2 лаж. вода
Сол

Упатство:

• Ставете ја исецканата сланина во Lékué садот за готвење на пареа со малку бибер. Затворете го садот и гответе 2 минути на 800 W.
• Додадете го исецканиот кромид во садот заедно со 1 лаж. вода и малку бибер. Гответе уште 2 минути на истата јачина.
• Додадете грашок, 1 лаж. вода и уште малку бибер. Затворете го садот и гответе уште 3 минути на иста јачина.

Совет:
• Наместо вода можете да употребите бело вино. Јадењето ќе биде уште повкусно. Уште еден совет: попрскајте го јадењето со анасоново семе и веднаш измешајте го штом ќе го извадите од микробрановата печка.
• Ако го матите со миксер со додавање малку вода, ќе добиете одличен топол крем од грашок.
• Ако користите грашок од конзерва, скратете го времето на готвење од 3 на 1 минута.
• Можете да додадете малку цимет за посебен вкус.
• Можете да додадете и неколку ливчиња нане штом го извадите јадењето од микробрановата печка.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

5 × 5 =