Ентериер

Како да одберете т.н. старински тепих

Како што веќе спомнавме, комбинацијата на модерното со старото е трендот кој што освојуваше оваа година и несомнено е дека истиот ќе се задржи и следната 2015 година.

Ентериерот каде што може да се најде излитениот тепих како контраст на модерното и софистицираното е слика на се она што значи модерен стил на живеење, но сепак при изборот на ваков тип на тепих треба многу да се внимава. Границата помеѓу модерно и демоде во овој дел од уредувањето е многу тенка, па затоа лесно може да се премине од едниот во другиот стил.

Колку и да изгледа дека можат да се искористат истите теписи кои што сме ги имале многу одамна, тоа воопшто не би било лесно прилагодување. Еден ваков пример за тешкото прилагодување е излитеноста кај теписите. Кај новите теписи таа е направена во саматиот дизајн и тој воопшто не влијае на текстурата на тепихот, додека пак кај старите теписи ислитеноста е реална и нивната поставеност во ентериерот може да ја добие сосема различната слика од онаа што сме ја замислиле. Втор пример се материјалите. Докажаните брендови како: “Deco Carpets”, Kashan Carpets” или “Carpi”, многу внимаваат на квалитетната изработка, на материјалите тие да бидат што поприродни, еколошки и лесни и секако секогаш се во чекор на најновите дизајни и текстури.

Доколку се одличите за дизајнерски шарм во вашиот дом и решите тоа да го направете преку теписите, одберете т.н. старински теписи од веќе докажани брендови, а квалитетот ќе се препознае од далеку.

Пишува: Викторија Ланговска

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

12 − ten =