Мебел

За сигурен дизајнерски избор – столици од Pedrali

Уредувањето на еден простор никогаш нема да може да ја добие посакуваната слика доколку не се нуди добар избор на мебел на пазарот. За среќа сега ја имаме таа можност и преку Kares иамаме достапност и до врвните производители на мебел кои нудат најразлични форми.

Кога станува збор за уредувањето на еден стан или куќа, свесни сме дека за целосниот изглед влијаат многу различни парчиња на мебел бидејќи во ваквиот простор бараме и функционалност од истите. Но кога се работи за уредување на еден јавен објект како: кафичи, ресторани, библиотеки, универзитети, аеродроми и слично, за целосната слика на просторот, најмногу влијае мебелот кој што се мултиплицира и многу често тоа знаат да бидат столчињата.

Докажаниот италијански бренд Pedrali нуди еден широк спектар на дизајнерски столици кои сами по себе се толку елегантни и необични што навистина е задоволство да се одбира од нивниот каталог. Мултиплицирањето на ваквите дизајнерски стоици го дефинира целиот дизајн на јавниот простор и дозволува само преку изборот на соодветната столица да се одреди карактерот на еден кафич или ресторан. Овој пример можете да го забележите на фотографиите подолу со употребата на овие столици во многу познати објекти како: ресторани, аеродроми, библиотеки во Франција, Италија, Финска, Шпанија, Јапонија и уште многу други земји низ светот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

nineteen − two =