Дизајн

Маестралното дело на XD Design – Bobby ранец

Доколку го прочитавте претходниот блог Да ги запознаеме XD Design – креаторите на Bobby ранците сигурно веќе знаете кои се тие. Но, доколку не, ова е нивната кратка приказна.

XD Design е успешна холаднска приказна присутна во над 50 земји низ светот. Нивното патување започнува со создавање на дизајнерско студио во Шангај кое e под водство на амбициозни дизајнери од целиот свет. Првиот Bobby ранец го “лансираат“ во 2016 година преку crowdfunding платформата Kickstarter. Од самото појавување па сѐ до ден денес Bobby бележи огромен успех и позитивни критики . Нивното брзо растење на пазарот не ги оттргна од она на што тие беа посветени од самиот почеток – да создадат едноставен, безбеден и функционален производ со кој модерните номади ќе бидат подобро поврзани и подобро организирани без оглед на оддалеченоста, местото или причината за нивното движење. Исто така, во тоа нивно растење XD Design не го заборавија, денес можеби едно од најбитните прашања на човештвото, а тоа е грижата за околината. Како резултат на нивната желба за напредок, постојано подобрување, барањето нови решенија и совесноста ние денес ја имаме Bobby колекцијата која според сите параметри е дефинитивно број 1 на пазарот.

 

Што претставува Bobby?

Безбедност – на модерните номади им овозможува да бидат безбедни од крадци преку иконскиот дизајн кој има скриени патенти, џебови со RFID заштита, заштитни аларми, материјали кои се отпорни на сечење и други иновативни решенија.

Поврзаност – на модерните номади им овозможува да бидат поврзани со светот благодарејќи им на интегрираните USB порти за полнење, соларни панели, Wireless подлоги за полнење и преку SOS Notifications.

Организираност – на модерните номади им овозможува да патуваат пријатно и организирано со помош на внатрешни прегради, организирачки панели и мрежести џебови.

Одговорност – модерните номади ги прави да бидат одговорни кон природата и околината.

Кои се предностите на Bobby?

Уникатен е самиот дизајн на Bobby. Тој е симбиоза на врвна естетика и беспрекорна функционалност. При самото дизајнирање внимавано е на многу сегменти со што би се создал user-friendly производ. Bobby ранците немаат патенти на предната страна, што ја прави внатрешноста тешко достапна за крадци. За да се зголеми безбедноста, Bobby ранците се со 360° прегледност, односно на предниот дел, страните и на рачките елегантно се додадени безбедносни рефлектирачки ленти кои помагаат да се зголеми прегледноста на пат.

Bobby ранците имаат 4 начини на отворање: 30° агол, 90° агол, 180° агол и Roll-up. Овие начини го поедноставуваат пакувањето и распакувањето. Грижата дали она што сте го спакувале ќе патува сигурно и безбедно, без да се оштети, навлажни или украде е сведена на минимум. Bobby  се изработени од 5 слоеви кои вклучуваат: Cutproof PP Protection – материјал кој не дозволува да биде пресечен со остар предмет, 2 заштитни слоеви, Anti-shock пена и 300D/600D PU – полиестер облога.

Едно од почестите проблеми со кои се соочуваат другите ранци е преносот на тежина односно притисокот кој го оставаат врз рамењата. Во XD Design е работено на ергономски дизајн кој овозможува редуцирање на тежината од рамењата, а воедно и намалување на притисокот врз рбетниот столб. Овој дизајн ја оптимизира тежината и создава подобар баланс, со што може да се патува подолго со помалку притисок. За да се намали тежината при долги патувања кога се носи и куфер, Bobby ранците имаат каиш со кој можат да се прикачат на рачката од куферот и со тоа да се олесни транспортот.

Најголемата предност е нивната способност да нѐ направат поврзани со светот. Во поголем дел од ранците се инкорпорирани USB портови со што се дава можност да се полнат мобилните уреди „одма и сега“. Во џебовите се додадени Wireless подлоги кои овозможуваат полнење на мобилните телефони кога човекот е во движење. Но како врв на идејниот и технолошкиот напредок на Bobby се соларните панели во Bobby Tech. Поставени на предниот дел од ранецот тие продуцираат електрична енергија која е наменета за мобилните уреди, екстерните батерии, smart часовниците или другата технологија која “урбаниот номад“ решил да ја понесе со себе.

Ние ги препознавме квалитетите и предностите на Bobby ранците и ѝ се восхитуваме на целата идеологија која стои зад нив. Поради тоа тие се дел од нашиот постојан асортиман.