Рецепти

Парчиња говедско со домат и кромид

Парчиња говедско со домат и кромид

Состојки:
½ шоља ленти од говедско месо
1 мал жолт кромид
1 среден домат
2 лаж. маслиново масло
2 лаж. соја-сос
Бибер
Сол

Упатство:

• Исецкајте ги доматот и кромидот. Ставете сé освен сол во Lékué садот за готвење на пареа.
• Гответе 2 минути и 30 секунди на 800 W.
• Извадете го садот од печката и оставете го затворен уште пола минута. Пробајте го месето и по потреба посолете.

Совет:
• Кромидот ќе биде крцкав, затоа што зеленчукот во ова јадење треба да изгледа како да е подготвен во вок тава.
• Ако јадењето е преблаго, можете на крај да додадете сол. Поради соја-сосот на почетокот не се става сол.
• Послужете со фахита.
• Јадењето е вкусно и кога се сервира врз малку варен грав или ориз. Ако имате авантуристички дух, ставете и разни житарки.