Рецепти

Провансалски пругаст гргеч

Провансалски пругаст гргеч

Состојки:

1 среден исецкан домат
¼ шоља исецкан жолт кромид
1 лаж. вода
1 лаж. маслиново масло
1 чешне лук
Сол
Шеќер
Рузмарин
Бибер
1-5 oz филе пругаст гргеч

Упатство:

• Ставете ги кромидот, водата, маслото, лукот и малку сол во Lékué садот за готвење на пареа. Гответе 2 минути на 800 W.
• Во садот додадете го исецканиот домат заедно со рузмаринот, малку шеќер и сол. Гответе 4 минути на 800 W.
• Во садот додадете го гргечот врз смесата од доматот. Зачинете со сол и бибер. Гответе 1 минута и 30 секунди на 800 W. Садот да стои затворен 1 минута, а потоа јадењето да се послужи.

Совет:
• Испрскајте ја рибата со маслиново масло пред да ја јадете за дополнителна арома.
• Додадете црни или зелени маслинки.
• Секако дека најдобриот зачин за ова јадење се Провансалските суви тревки!
• Ако немате време, употребете згмечени домати, но никако пире од домати!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

19 − 17 =