Зеленчук на ражен
Зеленчук на ражен
Состојки:
1/3 шоља боранија
1/3 тиквичка со средна големина
1/3 црвена бабура со средна големина
Сол
1 лаж. вода
2 дрвени ражени
Упатство:
• Измијте ја боранијата. Исечете ја тиквичката на пловина по должина, и секоја половина сечете ја на мали парчиња од ½ инч. Зачинете го зелечукот со малку сол и/или друг зачин по желба. Зеленчукот набодете го на ражените.
• Додадете вода во Lékué садот за готвење на пареа и ставете ја решетката внатре заедно со ражените.
• Затворете го садот и гответе во микробранова печка 4 минути (800W).
Совет:
Ако ги служите режените како предјадење, можете да ги комбинирате со било каков сос. Еве неколку идеи за ладни сосови со едноставно мешање на следните состојки:
• Сирење со црвен пипер: 2 лаж. меко сирење со 1 лаж. маслиново масло и црвен пипер.
• Јапонски сос: 2 лаж. мајонез и 1 лаж. соја-сос.
• Alla diavola сос: 2 лаж. софрито, малку табаско и малку сув темјан.
• Алиоли сос од рузмарин: 2 лаж. алиоли и малку рузмарин.
• Кари: 2 лаж. грчки јогурт и 1 лаж. кари.