Рецепти

Куглов колач: Европска традиција

Познатиот куглов колач најпрво започнал да се популаризира во Централна Европа, особено во јужна Германија, Австрија, Швајцарија, а тоа влијаније преминало преку Хрватска, Унгарија, Босна, Србија и се вградило и во македонската кујна.
Овој колач традиционално се пече во длабок сад со специфичен облик и специфични закосени краеви, а на неговиот вкус се радуваат сите генерации. За разлика од порано, кога овој колач блескал со својата едноставност, во поново време се збогатува со кора и сок од портокал, се декорира со свежо овошје, а се прават и популарни чоколадни или преливи од солена карамела со кој се прелива целиот колач пред да биде исечен.

Чоколаден куглов колач

ЗА 8-10 ЛИЦА

1 ЧАС

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА КУГЛОВ:

160 гр. шеќер
110 гр. брашно
35 гр. какао во прав
4 гр. сол
4 гр. прашок за пециво
3 гр. сода бикарбона
30 гр. путер
30 мл. млеко
80 гр. сончогледово масло
1 јајце
7 гр. ванила
30 мл. вода

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА ПРЕЛИВ:

5 гр. нерастворен желатин
70 мл. вода
100 гр. шеќер во прав
75 гр. темно чоколадо
15 гр. какао во прав
30 мл. течен крем

ПОТРЕБНИ АЛАТКИ:

УПАТСТВО ЗА КУГЛОВ:

1. Загрејте ја рерната на 190ºC.

2. Просеете го брашното и измешајте го со шеќерот, солта, прашокот за пециво, сода бикарбоната и какаото во прав. Тргнете ја смесата на страна.

3. Мешајте ги јајцето, путерот, ванилата и маслото околу 4 минути. Потоа додадете ја претходната мешавина и мешајте уште 2 минути.

4. Загрејте ја водата, додадете ја во мешавината и промешајте убаво уште 2 минути.

5. Крајната мешавина истурете ја во силиконскиот калап за куглов и печете од 30 до 35 минути на 190ºC. Пред да го извадите од калапот, оставете го кугловот да отстои околу 1 час и да се олади.

УПАТСТВО ЗА ЧОКОЛАДЕН ПРЕЛИВ:

1. Ставете го желатинот во 70 мл. вода и оставете да го да нарасне.

2. Растопете го чоколадото со кремот и остатокот од водата и добро мешајте, додавајќи ги постепено шеќерот во прав и какаото.

3. Загрејте го желатинот со водата во микробранова печка околу 30 секунди и додадете го во мешавината со чоколадо.

4. Целата смеса измешајте ја добро во блендер, со цел да избегнете грутки. Оставете ја да постои во собна температура.

5. Оставете да олади околу 30 минути и декорирајте го колачот.