САДОВИ, АЛАТКИ И СЕТОВИ ОД ПЛАТИНЕСТ СИЛИКОН, ЗА ПОДГОТОВКА НА ХРАНА

LEKUE - ПРОИЗВОДИ И РЕЦЕПТИ

Производите од брендот Lekue се изработени од платинест силикон, кој апсолутно ги почитува сите европски регулативи, пропишани со закон, а се поврзани со заштита, здравје и квалитет. Имено, платинестиот силикон не содржи миризби и бои, а е изработен од силикон кој се наоѓа во песокот, кварцот и карпите. Тој НЕ СОДРЖИ бисфенол, што значи дека производите не претставуваат ризик за здравјето и за животната средина.

Сите производи на Lekue се 100% BPA Free. Што значи тоа? BPA материјалот е доста штетен и е поврзан со производите од пластика и силикон. Изложеноста на BPA материјалот предизвикува абнормално штетни последици за целокупното здравје на децата и возрасните. BPA материјалот се топи во содржината (вода, сок, чај, сладолед, колач и слично) и на тој начин се внесува во организмот. Истовремено, при изложеност на високи температури, овој процес значително се забрзува. Производите на Lekue целосно ја елиминираат оваа состојба.

Голем дел од производите се безбедни за употреба и во микробранова печка и во рерна.

Грижете се за себе, без да морате да го жртвувате вкусот на убавата храна. Со производите на Lekue, здравата храна и тоа како ќе ви биде вкусна и неодолива. Доброто чувство е последица на здрав и урамнотежен начин на исхрана. Како и да е, да се храните здраво не значи дека треба да вложувате огромен дел од времето и голем напор. Потребни ви се само вистинските производи и вистинските рецепти. А сите нив, ние ви ги нудиме тука, на едно место. Уживајте и пријатен апетит!