Ликови

Бенџамин Шајн и се спротивставува на гравитацијата со неговата најнова скулптура

Бенџамин Шајн е мултидисциплинарен британски уметник, кој стекнува признанија во модната индустрија благодарение на креациите кои ги изработува со помош на техника, која тој ја нарекува „сликање со ткаенина“.

Низата на своите уметнички дела ја надополнува со импресивната скулптура позната како „спокој“, творештво кое се карактеризира со употребата на ткаенините за да се изрази вниманието и само-рефлексијата. Скулптурата е поставена во ресорт во Тусон, Аризона. Ова место го одбира поради природното окружување, кое најдобро ќе ја истакне неговата идеја – скулптура со облик на лице од девојка.

Техниката која ја применува во самиот процес, Шајн ја развива со години. Концептот за изработка на скулптура од мрежа бил огромен предизвик и проверено знаел дека ќе постигне фантастични резултати. За да одговори на предизвиците во работата, тој соработува со производителот на мрежа за 100% да ги постигнат барањата кои ги има. Станува збор за рециклиран полиетиленски материјал, со висока густина. Инженерски е постигната и челична под-структура, која е внимателно дизајнирана да обезбеди поддршка и цврстина за примарниот материјал, но притоа да биде што е можно поневидлива.

За неколку месеци, Бенџамин со своја сопствена рака и идеја, ја завршува фантастичната скулптура со висина од 4.5 метри!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *