Ликови

Брачен пар кој ја замени лондонската уметничка сцена за едноставен живот во Грција

Австралиската авторка, фотограф и дизајнер Клер Лојд и нејзиниот партнер, британецот Метју Лаудер, во 2007 година тотално го напуштиле Лондон и уметничката сцена на која со години твореле, со цел да си обезбедат минималистички и едноставен живот. При потрага на новиот дом, го одбрале грчкиот остров Лесвос каде што го оствариле својот сон, создавајќи си дом од соништата.

Тие живеат во мала куќа која е типична за населението во таа област, велејќи дека се чувствуваат како дел од локалната заедница. Клер ќе каже дека одлуката ја донеле поради потреба за креативна работа, па ја купиле малата куќа со цел да ја уредат по свој вкус, но да го презентира духот на Грција.

Кога ја купиле куќата, забележале дека има заборавена градина во дворот, која е запуштена, но содржи две стари маслинови дрва, орев и дрво со смокви. Тие ја преуредиле истата, насадиле разни цвеќиња, оставајќи ги дрвата и на тој начин си создале сопствен мал рај во кој се разладуваат во топлите денови.

Едноставно, тие го трансформираат нечистиот и стар ентериер во прекрасни бели простории, кои се исполнети со сончева светлина, декорирани со ретки парчиња, кои се уникатни рачни изработки и разни пронајдоци од природата.

Ја задржале претходната тиркизна боја на куќата, но ја варосале целосно во бела боја, со што создале неодолива комбинација. Парот со уметничка душа ништо не фрлал – дури и отпадоците од дрвото, камчињата и школките, ги претворале во парче уметност. Разните ткаенини исто така биле искористени за создавање на уникатни комбинации кои доаѓале до израз во белиот простор.

Брачниот пар вели дека конечно креативноста ја користат на исправен начин, кој им создава уште поголема поврзаност со островот. Тие и понатаму сликаат, садат цвеќиња, одгледуваат билки, овошје и ја декорираат куќата создавајќи си мал рај за себе!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *