Здрав Живот

Гоџи бобинки – одлична храна за одличен организам!

Гоџи бобинките (или познати како Lycium barbarum) потекнуваат од Далечниот Исток и преставуваат тип на храна кој со векови наназад се употребувал во склоп на традиционалната кинеска медицина, но и во кулинарските специјалитети. Генерално, станува збор за овошје кое има светло црвена боја, а може да се консумира сурово или сушено, а популарно е поради своите антиоксидативни својства.

Се смета дека гоџи бобинките имаат и најголема концентрација на протеини во споредба со сите останати. Имаат сладок вкус, а чест случај е да се употребуваат како екстракти и преработка за медицински цели. Покрај тоа, обезбедуваат 11 есенцијални аминокиселини – повеќе од било кои други плодови! Се прашувате зошто овој тип на храна може да има неверојатно големо влијание за создавање и одржување на одличен организам? Ако вашиот одговор е потврден, прочитајте во продолжение.

1. Имаат голема хранлива вредност и малку калории

Гоџи бобинките се исклучително хранливи. За еден тип на овошје, тие содржат релативно голем број на протеини и растителни влакна. Приближно кажано, 100 грама гоџи содржи околу 11 грама протеини (споредено со само 1 грам протеини кои се содржат во 100 грама боровинки или малини). Богати се со А и C витамини, железо, калциум и разни минерали кои ги заштитуваат клетките и помагаат во оптимизирање на метаболизмот.

2. Одличен извор на антиоксиданси

Гоџи бобинките се своевиден антиоксиданс кој ги штити вашите клетки од разни оштетувања. Се смета дека имаат висок капацитет на апсорпција на кислород, со рејтинг 3.290. Ова рангирање е многу повисоко на пример од бананите (795) и јаболката (2.828), но сепак помало на пример од малините кои имаат ранг од 5.065. Како и да е, редовната консумација на гоџи (и нивниот сок) го штити телото од токсините кои се консумираат преку исхраната и имаат улога во здравјето и разните хронични заболувања.

3. Може да имаат бенефити во процесот против стареење

Антиоксидансите кои ги содржат гоџи бобинките можат да помогнат во борбата со стареењето, одложувајќи го процесот на стареење на клетките и заштитувајќи го колагенот во кожата од потенцијални оштетувања. Сепак, сите овие податоци се добиени со истражувања направени врз животните, што значи дека се потребни и повеќе истражувања во однос на влијанието врз луѓето.

4. Можат да помогнат во спречување на појавата и растот на карциномот

Испитувањата направени од страна на разни истражувачи укажуваат на податокот дека екстрактот од гоџи бобинките го попречува растот на ракот, спречувајќи ги клетките да се шират. Постојат укажувања дека можат и да го уништат. Истражувањето направено врз неколку животни покажало дека гоџи бобинките (заедно со малините, јагодите и боровинките)  можат да ја пригушат прогресијата на кацерогените тумори. Една студија направена на 79 лица покажала дека оние заболени од карцином кои добиле имунотерапија но и концентриран екстракт од гоџи, доживеале 25% повисока стапка на регресија на карциномот, во споредба со оние кои добиле само имунотерапија. Се смета дека сето тоа се должи на антиоксидансите кои се содржат во нив.

5. Го регулираат нивото на шеќер во крвта

Повторно, поради антиоксидантната активност на екстрактот од гоџи бобинките, се јавуваат позитивни ефекти врз шеќерот во крвта. Студиите покажуваат дека тие ја зголемуваат секрецијата на инсулин од панкреасот. Сепак, се очекуваат уште понапредни истражувања и анализи на влијанието врз човековото тело.

6. Го зголемуваат нивото на енергија

Сокот или екстрактот од гоџи бобинките ја подобрува енергијата и целокупната благосостојба. Се смета дека го подобруваат создавањето на гликоген во мускулите и црниот дроб, кој е всушност вид на складирање на гликоза кој ви помага да ја одржите физичката активност. Во една контролирана студија, 34 здрави мажи и жени во текот на 14 дена консумирале сок од гоџи од 120 ml. Како резултат на тоа, тие пријавиле зголемена енергија, подобри перформанси во вежбањето, подобар квалитет на сонот, намален стрес и замор и слично.

7. Помагаат во намалувањето на килажата

Гоџи бобинките се богати со растителни влакна кои помагаат во контролирање на шеќерот во крвта и апетитот, помагајќи да се чувствувате сити подолго време. Постојат и докази дека сокот од гоџи може да помогне во губење на килажата преку забрзување на метаболизмот. Кај учесниците кои учествувале во истражувањето се докажало дека способноста за согорување на калории по еден час била 10 проценти поголема отколку кај оние кои не консумирале сок.

8. Го подобруваат нивото на холестерол

Гоџи бобинките и нивниот сок може да помогнат во намалување на вкупните нивоа на холестерол и триглицериди и да се зголеми „добриот“ HDL холестерол.

9. Го зајакнуваат имунитетот

Истражувањата спроведени на 60 здрави, повозрасни лица, откриле дека земањето на сок од гоџи (100 ml дневно) во текот на 30 дена, довело до значително подобрувањена имунолошката функција. Поконкретно, се јавило зголемување на лимфоцитите, белите крвни зрнца кои се одговорни за заштита на телото од штетни бактерии и вируси.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *