Мебел

Нови уникатни парчиња мебел од брендот Bonaldo

Bonaldo и прочуените дизајнери непрестано работат во текот на сезоната со цел да пружат нови производи, нова енергија и нов стил за домовите на своите клиенти. Во 2019-та година создадоа нови уникатни парчиња мебел кои официјално ги претставија на изминатиот саем за мебел во Милано, а сега може да ги нарачате и кај нас. Во продолжение, ве запознаваме со најистакнатите од нив:

1. Only You

Станува збор за софа која со гордост ги покажува своите две лица: линеарното седиште кое е во контраст со надворешниот дел од потпирачот за грб, кој всушност е изработен од шарени мостри добиени со употреба на вертикална декорација во процесот на ватирање. Софистицираните детали ја прават софата уникатна, па одредени елементи на софата можат да бидат прилагодени под агол од 45 степени. Може да биде во неколку разни димензии.

2. Big Table

По повод 10 години од создавањето на култната маса Big Table, Bonaldo одлучи да создаде модел со нов финиш – мермерна плоча и метална база во бои со несекојдневен и уникатен интензитет.

3. Artica

Тапацирана столица која го освојува окружувањето во која е поставена. Карактеристичен е потпирачот за грб кој има помалку заоблена форма, но е исклучително удобен во склоп со целината. Достапна е со стандардни 4 ногарки или со санка, изработени од метал кој може да биде обоен во повеќе бои.

4. Otto

Столица со елегантен и помалку кралски изглед, која всушност има заоблена и синусна структура. Има волшебен дизајн, а благодарение на можноста за одбирање на материјали за тапацирање и бои (од класична кожа до кадифе), може да се употребат за персонализирање во ентериерот.

5. Doppler K Sideboard

Оригиналноста на облиците, со ригорозност во однос на материјалите создава апсолутно моќен елемент за вашата дневна соба. Вартичките се отвараат асимтерично, а се изработени од керамика. Рамката е во црно или бело лакирано дрво, поддржани од метална база. Комодата е достапна во две различни големини (висока и пониска), за да може да се употреби и во дневната соба, но и во спалната соба.

6. Saddle

Софата е дизајнирана за да обезбеди највисоко ниво на удобност, во модерен и функционален стил. Естетската привлечност е надополнета со кожа која е вметната во потпирачот за раце. Софата е специфична по својата модуларност, а благодарение на играта на материјали и комбинации може да се создадат разни конфигурации, погодни за сите простори.

7. Delta

Масата Delta е специфична по својата есенцијална елеганција, пред се изразена преку својата рамка и плочата која може да биде изработена од керамика или дрво. Горниот дел на ногарките (оној кој фактички се спојува со плочата) има уникатен дизајн, кој изгледа како тие да се разделени на два дела по средината.

8. Mellow

Два спротивставени елементи кои имаат синусна закривена форма се виновни за совршено балансираната игра на базата и генерално на масата Mellow. Масата може да биде во овална или кружна форма, достапна во многу завршници и материјали.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *