Дизајн

Скандинавски дизајн на дневна соба: инспирација и идеи

Скандинавската естетика е една од најатрактивните во последните неколку години и може да се примени во многу различни простории. Сепак, нејзината едноставност, природните елементи и функционалноста се особено идеални за уредувањето на дневната соба. Во продолжение погледнете неколку примери за убаво организирани дневни соби, кои во себе ја кријат инспирацијата од скандиванскиот дизајн, а на тој начин можеби ќе добиете и лична инспирација, по ваш вкус.

1. Гледаме стан во кој сончевата светлина се спушта преку горните прозорци, осветлувајќи ги чистите линии во однос на дизајнот и внимателно одбраниот мебел, на највисоко ниво.

2. Ѕид со композиција од уметнички дела или фотографии е одличен начин да додадете персоналност на инаку минималистичкиот дизајн.

3. Доста честа појава е да се додаваат жолти акценти наспроти црно-белата комбинација. Во следниов пример додатен допир на убавина создава и уникатната рустична масичка.

4. Прекрасниот виолетов килим го акцентира просторот на еден урбан начин, како и текстурата во светлата, бела дневна соба која ја гледате на фотографијата.

5. Комбинацијата на дрвото и циглата е доста честа појава, но луксузната кожа е уште еден начин за да се реализира идејата за природни материјали и интересни текстури. Растенијата во внатрешноста ќе помогнат во акцентирањето на зеленилото. Внимавајте и на ѕидното светло, кое е уште еден неизоставен елемент.

6. Скандинавскиот стил функционира особено добро со прекрасни дрвени подови, без разлика дали станува за нов или vintage материјал.

7. Просторот за складирање е често проблематичен дел кога станува збор за минимализмот. Како и да е, високите полици се одлична опција, кои воедно ќе ја изразат и вашата личност.

8. Во вакви простории, дневната соба и трпезаријата треба да бидат одвоени, но сепак да функционираат, да соработуваат и едноставно да се комплементарни едни со други.

9. Во комбинација со мебелот и декоративните елементи во црна, бела и жолта боја, фантастично ќе изгледа софа во сенф завршница на материјал. Неверојатно добар изглед!

10. Не ви треба огромен простор за да ги реализирате овие идеи. Едноставно, направете комплементарна комбинација и ќе го најдете совршеното решение.

11. И немојте да мислите дека не можете да експериментирате со комбинациите на бои доколку се стремите кон скандинавскиот дизајн. Комбинацијата на црна, бела, жолта и тиркизна боја може да делува изненадувачка, но доколку ја направите на добар начин, ќе добиете резултат како на фотографијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *