Uncategorized

Академија за продажба во Карес Груп

Со особена гордост и радост објавуваме дека Карес Груп започна со имплементирање на специјализирана тренинг програма за своите продажни тимови, со која целта е постигнување усогласеност, конзистентност и ефикасност за подобар продажен перформанс и задоволство на клиентите.

Академијата за продажба ја започнавме со Ана Костовска – организациски психолог, со долгогодишно искуство во поддршка на бизнисите, развој на тимови, работилници и сл.

Учевме и ги поставивме основите за успех во малопродажба, градење на односи и доверба, како  и дефинирање на грижа за корисници.

Со нетрпение го очекуваме следното поглавје и продолжуваме да работиме за исполнување на барањата на клиентите.