Континуирана едукација на вработените на Карес Груп

1. Посета на Метлах – Германија / Villeroy & Boch
Тимот на Villeroy&Boch од Македонија имаше прилика за посета на Метлах, Германија каде се одржа обука и вовед во нови колекции на производи од најпрепознатливиот бренд во светот за квалитетна изработка од порцелан.
Тимот ја имаше можноста на 3-дневната обука да научи многу за процесот на изработка како и за квалитетот на производите од сите колекции, но и да дознае какви нови, возбудливи производи ќе бидат достапни во следниот период.
Посетата вроди и нови пријателства со колеги од цела Европа, многубројни тимски активности и вкусни оброци послужени во дел од колекциите на премиум порцелан.

2. Карес работилници за личен и професионален развој
Посветени кон континуирана едукација, развој и стручно усовршување на нашите вработени, во текот на месец октомври и ноември се одржаа две последователни работилници за личен и професионален развој со Ирина Батковска Борозанова – coaching specialist.
Имавме можност за продлабочување на знаењето за ефективната комуникација, отворени/затворени прашања како и скалата на комуницирање. Преку практични примери тимот имаше прилика да го открие лифтот на емоции кој не вози во секојдневието, како и правилата на говор на тело.
Уште една тема која е особено важна за стручно усовршување на нашите вработени, е слушањето – особено она слушање со емпатија. Во тимската активност предвидена за овој дел од работилницата, вработените поделени во парови на слушател и оној кој зборува, воочија кои се бариери и блокади при процесот на слушање.
Истотака, една од клучните области за развој беше кругот на загриженост, влијание и контрола. Дискусијата ја истакна важноста на тоа кон што треба да ги насочиме нашите фокус и енергија, но и тоа дека не секогаш може да ги контролираме мислите кои ни доаѓаат, но може да одлучиме кои од нив ќе останат во нас. Како што заклучивме, нашата реакција е во наша контрола.
Би сакале да изразиме голема благодарност до Ирина, која е неверојатен експерт и моќен сојузник за личен развој.
Покрај едукативната, овие работилници ја симболизираат и тимската работа која ја негуваме во Карес Груп.