Здрав Живот

Acacia – одржливост во вашата кујна

Живеењето во дваесет и првиот век побарува човештвото да се сврти кон обновливи, зелени ресурси за исполнување на неговите секојдневни потреби. Но, не секогаш се зборува за нови, тукушто откриени материјали, туку за оние некогаш заборавени, а кои носат во себе голема, силна традиција.

Еден ваков материјал се наоѓа во тропските шуми на Индонезија, Тајланд, Лаос, Виетнам и Камбоџа кои ни го даваат егзотичното дрво акација.

Високата отпорност на временските непогоди, бавното стареење и отпорноста од биолошка деградација е она што ја одликува акацијата и ја  прави познат материјал за производство на мебел и садови за готвење, а истата е спомената и во голем број историски, пишани дела. Како пример, се споменува дека арката на Ное била изработена токму од ова дрво.

Освен тоа, дрвото се одгледува и користи според принципите на одржливиот развој, што допринесува за заштита на видот, спречување на хипер-продукцијата и налага неговата понатамошна обработка да биде спроведена исклучиво со еко-агенси.

Сите споменати карактеристики ја прават акацијата совршен материјал за изработка на садови за готвење кои поради цврстината и нејзината крута текстура ќе овозможат да ги користите долго време. А, лесното одржување на овие садови (едноставно рачно миење и сушење) ги прави идеални за постојано користење.

Нивната квалитетна обработка ја овозможува водоотпорноста, што ги зголемува антибактериските својства и ги прави овие садови совршен избор за секој вљубеник во готвењето.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

5 × one =