Упатство за употреба

Предупредување: за да се избегнат непоправливи штети на USB портот за вашиот George, кабелот треба да биде ставен со знакчето() нагоре (односно да гледа накај вас). Секоја штета на производот предизвикана од неправилно користење на USB кабелот не подлежи на никаква гаранција.

Функции на George
      1. Кога копчето ON/OFF е притиснато, индикаторот посинува. Кога ќе го допрете Function копчето за првпат, ќе се појави зелено светло. Тоа значи дека вашиот George почнува да работи и да испушта мирис на следниов начин: 10 минути работа, па 10 минути пауза, па повторно 10 минути работи, се додека не се потроши батеријата, не се смени друга функција или не го пристинете копчето ON/OFF за уредот да престане да работи.

  1. Кога копчето Function, ќе го притиснете по втор пат, светлото станува портокалово. Вашиот George ќе почне да работи, со помал интензитет на мирис на следниов начин: 12 часа работи, наредните 12 часа пауза, се додека не се потроши батеријата, не се смени друга функција или не го притиснете копчето ON/OFF за уредот да престане да работи.
  2. Кога копчето Function ќе го притиснете по втор пат, светлото се гаси и уредот престанува да работи.

Користење Bluetooth

Вклучете го вашиот George преку копчето ON/OFF и индикаторот ќе посини. Активирајте ја Bluetooth опцијата преку притискање на Bluetooth копчето, кое што ќе почне да трепка со краток звук, што значи George е спремен да се поврзе со вашиот уред. Активирајте ја Bluetooth опцијата на вашиот уред и пребарувајте ги врските за поврзување. Селектирајте го George од листата и поврзете се. Кога двата уреда ќе се поврзат, Bluetooth копчето ќе престане да трепка и повторно ќе слушнете краток звук. Сега можете да слушате музика преку вашиот George.

Забелешка:

  • За да ја активирате Bluetooth опцијата на вашиот уред (смарт телефон, таблет, компјутер) консултирајте се со вашиот дистрибутер, бидејќи процесот зависи од моделот на уред.
  • За да работи ефективно, морате да бидете во иста соба со вашиот уред и George, најчесто опсегот на Bluetooth конекцијата е 9/10 метри.
  • За да го ја искористите максимум батеријата помеѓу полнења, исклучувајте ја Bluetooth конекцијата кога не ја користите. Ако не се воспостави врска помеѓу вашиот уред и George во рок од 3 минути, тој сам ја исклучува Bluetooth опцијата, се додека не ја вклучите повторно.
  • Bluetooth верзија: 2.1 + EDR
  • Внатрешен звучник:

Инструкции за полнење на уредот:

Секаков USB порт или USB адаптер, со струен излез DS 5V ~ 1A.

 

Полнење на уредот за прв пат:

  • Пред користење на уредот, оставете ја батеријата да се полни минимум 4 часа.
  • Кога полнењето е исклучено, индикаторот ќе свети црвено. Кога црвеното светло ќе се исклучи, уредот е наполнет.

 

Кога уредот се користи на пролонгиран период, индикаторот ќе трепка црвено, за да ве информира дека уредот треба да се наполни што поскоро. Поврзете го со USB порт или USB адаптер, користејќи го USB кабелот. Извадете го уредот од USB кабелот, кога ќе е наполнет.

 

Полнење додека уредот е вклучен:

Кога уредот е вклучен, а сакате да го наполните, индикаторот ќе свети розево. Кога ќе посини индикаторот, значи дека уредот е наполнет.

Полнење додека уредот е исклучен:

Кога го полните уредот, индикаторот ќе свети црвено. Кога црвеното светло ќе се изгаси, значи дека уредот е наполнет.
( За да заштедите енергија, како и да го пролонигирате животот на капсулите, ви препорачуваме уредот да го ставите во standby во текот на ноќта)

Полнење батерија:

Прв пат: 4 часа

Секој нареден пат: околу 2 часа

Времетраење на батеријата:

  • Околу 6 часа и 45 минути ако се користи само FAN опцијата (само испуштање мирис)
  • Околу 9 часа ако се користи само звучникот
  • Околу 4 часа и 40 минути користејќи ги двете функции