Дизајниран за да помогне да се елиминираат непријатните миризби од вашата канта за отпадоци. Веќе никогаш нема да почуствувате лоша миризба од корпата за ѓубре, ниту пак ќе мора да фрлите полупразна ќеса само заради таа миризба и сето тоа благодарение на филтерот кој е вграден под капакот на корпата. Филтерот за јаглен е дискретно интегрирани во долниот дел на капакот, и можете брзо и лесно да го промените.
Филтрите за замена се достапни одделно во пакување од две парчиња.