Чашата за бело вино е дел од колекцијата Daily која се стреми кон елеганција постигната преку минимализам. Изработена е од стакло, со безвременска класика кој никогаш не излегува од мода. Ја има во две големини т.е. со два различни капацитети: 460 ml и 640 ml. Чашата се мие во машина за садови.
Димензии на чаша од 460 ml: 85/226/85 mm
Димензии на чаша од 640 ml: 95/245/95 mm
Истражувачкиот центар на LEONARDO го има развиено рецептот за стакло TEQTON за Вас, така што ќе можете да уживате во Вашите чаши долго време. Благодарение на иновативната високотехнолошка формула, чашите на LEONARDO кои го имаат печатот за квалитет TEQTON се особено робусни и отпорни на удари. Без разлика дали на секојдневниот семеен појадок или на голема забава со пријателите – екстремно цврстите чаши не се кршат лесно. Дури и кога расположението станува малку побурно. Овие чаши можете лесно да ги исчистите во машина за миење садови. Тие не само што се безбедни за миење во машина садови, туку имаат и заштитен слој од корозија. Дури и по бројни миења, Вие и Вашите гости можете да уживате во трајниот сјај на Вашите кристално чисти чаши. Друг плус е неутралноста на бојата на чашата: Од газирана минерална вода до фино вино или шарени коктели, секоја боја на пијалок се репродуцира во чашата на оригинален начин.
Одржување: можат да се мијат во машина за садови
Бренд |
Leonardo |
---|---|
Капацитет |
460 ml ,640 ml |