Kares Group објавува конкурс за новo работнo местo со полно работно време на позициja:
1. Специјалист за дигитален маркетинг
Работно време: од понеделник до петок, од 09:00-17:00 часот.
Одговорности на работното место:
- Следење на секојдневната активност на страницата и нејзината целокупна ефективност за да се постигнат цели како подобрување на корисничкото искуство, зголемување на сообраќајот и продажбата на производи и развој на лојалност кон брендот
- Презентирање на производите на социјалните мрежи, објаснување на нивните карактеристики и функционалности на соодветни тергет групи на клиенти/купувачи
- Унапредување на перформансите и безбедноста на веб страниците на Kares, FitLab, Villeroy&Boch од технички и визуелен аспект, како и од аспект на подобрување на корисничкото искуство
- Тековно оддржување на веб страниците на наведените брендови
- Целосно информирање на клиентите за цените, процесот на купување, начинот на плаќање и наплата на производите преку комуникација
- Водење на дигитални маркетинг кампањи
- Закажување на објави на социјални мрежи, изработка на месечни комуникациски планови
- Подготовка на потребни извештаи за активностите и статистиката во делот на дигитален маркетинг и известување пред непосредниот раководител
- Комуникација со медиумски соработници
- Работа со другите членови на тимот за реализација на компаниските цели и остварување подобри резултати
- Вршење на останати маркетинг и административни задачи по налог на претпоставениот
Потребни способности и карактеристики:
- Минимум средно, пожелно високо образование во областа на Маркетинг, Е-бизнис или приватна академија/школа/тренинг за дигитален маркетинг
- Претходно работно искуство во областа на Дигиталниот маркетинг ќе се смета за предност
- Напредно познавање на социјални мрежи
- Познавање на основно ниво на графички дизајн и WordPress се смета за предност
- Можноста за креирање на графички и видео содржини насочени според потребите за промоција и презентација на проектите на социјалните медиуми ќе се смета за предност
- Одлично познавање на пишан и говорен англиски јазик
- Способност за тимска соработка
- Способност за работа во динамична средина
- Високо ниво на лична одговорност и посветеност
- Динамични и креативни личности со изразен позитивен став
Компанијата нуди:
- Постојана работна позиција што вклучува 40 часа неделно работно време
- Конкурентна редовна плата
- Постојано обучување, личен и професионален раст.
Доколку сте заинтересирани, Ве молиме во најкраток рок да доставите Ваше CV (кратка биографија) на адреса info@kares.mk со назнака за кое работно место аплицирате.
Кандидатите кои ќе бидат одбрани за информативен разговор ќе бидат известени во рок од 15 дена заради понатамошен контакт.
За сите дополнителни информации во врска со работните места можете да се обратите на истата адреса.
Ве молиме без телефонски јавувања.
Ви благодариме однапред на Вашата апликација.
Kares Group
Скопје, Македонија