Ентериер

Хотел во Торонто со ентериер инспириран од градската архитектурата

Канадската фирма „Мејсон Студио“ го дизајнира и го гради хотелот Кимптон Сент Џорџ во Торонто, поради неколку причини, а пред се – поради восхит и почитување кон истоимениот град. Меѓудругото, изграден е со цел да понуди изобилство на луксуз доживеан преку локалниот дизајн, стил и вкус.

Лоциран е во рамките на некогашниот хотел познат како „Холидеј Ин“, во соседството кое е познато по трендовските и модерни локалитети. Имотот содржи 188 соби, со единствен вкус и грациозен стил. Дизајнерската компанија „Мајсон Студио“ свесно и планирано го изградува хотелот со намера да придонесе за архитектонското и уметничкото наследство во Торонто.

Лобито во хотелот претставува рамнотежа помеѓу боемскиот дух на околината и изобилството кое ја нуди областа Јорквил, пред се преку занаетчиството. Внатрешноста содржи бројни врати и влезови во форма на куполи, со цел визуелно да ги водат гостите кон целиот простор. Истовремено, дизајнерите сметале дека тоа е начин за да се оддаде почит на разновидниот архитектонски стил и ерите во Торонто.

Светлата сала за состаноци се простира на 100 квадратни метри и е наречена Peregrine Room. Имено, истата претставува контраст на тоновите кои ги нуди лобито на хотелот, со цел да го зајакне концептот кој ги реинтерпретира разните населби од градот.

Апартманите за гостите продолжуваат да ја пренесуваат идејата и приказната за културата во Торонто, преку дизајнот на мебелот. Станува збор за специјално изработен мебел, со многу заоблени линии во однос на изработката и дизајнот. Но не само тоа, тука се и останатите детали како на пример грамофони со канадски плочи, рачно изработени декоративни предмети специфични за локалното население и слично.

Бидејќи градот е познат по албино вервериците, во внатрешноста на секоја соба се наоѓа фигура во таква форма, обвиткана со смола, создадена од уметничкиот тандем Грејтберд.

Помеѓу морето од беж нијанси кои преовладуваат во собите, има акцент и на зелени, сини, златни и сиви елементи, кои ги одразуваат огромните пространства на недопрена природа во Торонто.

На влезовите се наоѓаат винтиџ, црно-бели фотографии, на која се гледаат разни парови кои патувале во Торонто – дела посветени на повоената историја на градот.

Дополнителна карактеристика во влезот на хотелот е огромниот геометриски був, кој е уметничко дело нарачано од познатиот уличен уметник Бирдо, кој го насликал на западната фасада од објектот.

Во продолжение погледнете ја галеријата со фотографии:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *