Здрав Живот

10 бенефиции од користењето на розова вода: Од антиоксиданти до против стареење

Дали знаевте дека розовата вода (rose water) е основен производ во секое домаќинство во Индија? Розовата вода има толку голема примена, што дури ја нарекуваат “магична напивка на убавината“.

Оваа лековита
состојка не се користи само во Индија, туку ширум целиот свет. Потекнува од
времето на Клеопатра, која што ја користела водата секојдневно за негување на
својата кожа.

Розовата вода се подготвува така што листовите од цветот роза се ставаат во вода и по желба се додава екстрат од роза.

Најголема примена
розовата вода наоѓа во негата на кожа и негата на коса. Не е
важно дали имате сува, мрсна или нормална кожа, розовата вода може да ја
додадете во вашата секојдневна рутина.

  1. Розовата
    вода помага да се задржи pH вредноста на кожата и го контролира
    вишокот масло.
  2. Помага
    да се намали црвенилото на кожата, да се ослободите од акни, дерматитис и
    егзема. Исто така е одличен чистач на вишокот масло и нечистотијата во
    отворените пори.
  3. Помага
    да се хидратира, ревитализира или навлажни кожата, за поосвежен и попријатен
    изглед на вашето лице.
  4. Розовата
    вода има и антибактериски својства, помага во зараснувањето на лузни, исеченици
    и рани на кожата.
  5. Нејзините
    антиоксидантски својства ги зацврстуваат клетките на кожата и ги обновуваат
    ткивата на кожата.
  6. Со
    нанесување на розовата вода на вашата кожа, си овозможувате чистење на порите,
    затегање на капиларите, како и намалување на црвенилото.
  7. Ако
    сакате да се почувствувата порелаксирани и поопуштени, тогаш розовата вода е
    тука за вас и да ве ослободи од чувствата на нервоза.
  8. Покрај
    негата на вашето лице, розовата вода може да ви помогне и да ги отстраните
    првутот и благите воспаленија на скалпот. Таа делува како природен регенератор
    и го потикнува растењето на косата.
  9. Мирисот
    на роза исто така ќе ви помогне и да заспиете полесно и помирно, со што ќе се
    разбудите наутро посвежи од обично.
  10. Со
    секојдневно користење на розовата вода, фините линии на вашето лице ќе дојдат
    до израз, а брчките ќе се намалат.