Dutch oven- историја на убави вкусови
Dutch oven е сад за готвење со тешка конструкција, направен од леано железо со рачки и цврсто поставен капак. Неговата тешка конструкција и уникатен дизајн го прават еден од најкорисните садови за готвење и она што секој домашен готвач треба да го има во својата кујна.
Леаното железо е слаб проводник на топлина, што значи дека откако ќе се загрее, тенџерето останува жешко долго време. За разлика од бакар или алуминиум, кои ја спроведуваат топлината многу ефикасно, што ги прави тие метали добри за тави, каде што целта е да се загрее парче храна многу брзо, на висока температура, за кратко време. Но, кога целта е полека да се готви со пониска температура, леаното железо е идеален избор за подготовка на храната.
Duch oven е исто така одличен за печење леб, но и за подготовка на супи, чорби и квалитетни парчиња месо на кои им е потребно подолго време за готвење на ниски температури, со цел соодветно процесирање без загуба на вкусовите.
Дополнително, овој тип на садови овозможуваат спојување на вкусовите на различните состојки кои се приготвуваат во истиот сад и ги омекнува парчињата месо со што ги доведува до состојба на “распаѓање” од мекост. Некои од најдобрите видови месо се приготвуваат токму во овој тип на садови, особено оние со многу маснотии. Она што несомнено значи за некои луѓе е тоа што во овој сад месото заруменува и формира прекрасни вкусови и текстури што практично не може да се постигне во друг тип на сад.
Тоа е, исто така одличен избор за омекнување на коренестиот зеленчук како моркови, пашканат и репки, а бавното готвење ги ублажува лутите вкусови на кромидот и лукот, помагајќи да се извлече нивната сладост. Друга огромна придобивка од готвењето во Dutch oven е тоа што целиот сад може да оди директно од шпоретот во рерната. Ова е погодно кога ќе завршите со загревање на месото на шпорет на висока температура и сте подготвени за втората фаза на ниска температура на готвење во рерната, затоа што топлината го обвива тенџерето од сите страни, наместо само одоздола. Ова им помага на состојките да се готват рамномерно и го спречува горењето и лепењето на дното на тенџерето.