Рецепти

Тајната за подготовка на одличен ориз

Иако за вкусови не се дискутира, сепак, универзално е дека кај добро подготвениот ориз може да се забележи раздвојување на зрната едно од друго и структура која нема заостанати цврсти делови, но истовремено не делува ниту кашесто.

Поради таа причина, подготовката на оризот не е ниту малку едноставна, иако навидум така изгледа, особено не за луѓето кои се во постојано движење и не сакаат да потрошат многу време во кујната.

Купувањето на т.н. „подготвувач на ориз“ може да биде голем трошок, а истовремено и да зафаќа многу простор во вашата кујна кога не го користите. Токму затоа може да пристапите кон користење на алатка која многу веројатна веќе ја имате, микробрановата печка, а еве како:

 

Потребни состојки:

  • 120 гр. интегрален ориз
  • 300 ml вода
  • 100 гр. пилешки гради
  • 50 гр. морков
  • 50 гр. кромид
  • 20 гр. печурки
  • 30 гр. зелена пиперка
  • 30 гр. црвена пиперка
  • 30 гр. зелка
  • 5 гр. лук
  • 20 гр. кари
  • 50 мл. кокосово млеко

 

Подготовка:

1. Во садот Rice Cooker ставете 300 мл. вода и додадете го оризот и ставете го во микробранова на 18 минути, на максимална јачина.

2. Исечкајте ги пилешкото месо, морковот, кромидот, зелката пиперките и лукот.

3. Запржете ги пилешкото месо и зеленчукот во загреана тава.

4. Истовремено, додадете го и кари зачинот, заедно со кокосовото млеко во тавата додека го пржите пилешкото месо и зеленчукот.

5. На крај, додадете го претходно подготвениот ориз во тавата, промешајте, пропржете уште кратко и подготвено е за послужување!

Кошничка
Sign in

No account yet?