Здрав Живот

Рециклирање: важност и можности

Рециклирањето е значаен процес во зачувување на животната средина и изнаоѓањето на нова вредност на постоечки материјали и производи. Тоа е процес на преобразба на веќе употребените производи во суровини, кои повторно можат успешно да бидат употребени за добивање производи, еднакви со оние од кои тие произлегле или за добивање на сосема нови производи.

Потенцијалот на процесот на рециклирање е огромен, имајќи предвид дека општеството во кое живееме се нарекува “потрошувачко општество”. Овој назив потекнува од купување и користење на голем број на производи. Зад секој производ што го користиме има огромни количини потрошени природни ресурси, штетни хемикалии испуштени во водите и почвата и илјадници тони јаглерод диоксид и други стаклеклички гасови испуштени во атмосферата.

Рециклирањето е еден од најдобрите начин за пристапување кон кругот на повторна примена, односно она што е отпад за едни, е суровина за други.

Иако, добро е познато дека некои од материјалите се полесни за рециклирање од други, сепак голем дел од секојдневно-користените производи се добиени од рециклирачки материјали:

Хартија
Сите видови хартија кои се користат во домот, на работа, или било каде, можат да се рециклираат, а во процесот на преработка се добива пулпа од која се произведува нова хартија по соодветно хемиско и физичко третирање. Со рециклирање еден тон канцелариска хартија, се спасуваат 17 стебла дрво, се заштедуваат 4.200kW енергија и 3.200l вода.

Стакло
Сите видови на стакло, освен огноотпорно стакло, се материјал кој се рециклира. Принципот е поедноставен од оној кај хартијата, при што стаклото се ситни и топи, а од добиеното вжарено стакло се добиваат потребните форми. Важно е да се знае дека обоеното стакло се рециклира посебно од транспарентното.

Пластика
Пластиката како материјал кој не се разградува во околината, или се разградува до микро-пластика која се внесува уште подлабоко во почвата и подземните води, е исклучително опасен ако не се рециклира. Предизвиците при рециклирањето на пластиката се јавуваат како при самото сегментирање (поради големиот број на видови на пластика), а продолжува со големиот број на примеси и адитиви во пластиката од финалните производи.

Текстил
Рециклирањето на текстил е процес кој е најмалку застапен, иако бележи голем потенцијал. За сега, овој материјал е само дел од процесите на реупотреба и пренамена, а не рециклирање.

 

Метал
Мeталните материјали (најчесто алуминиумски или железни амбалажи) се најполезни за рециклирање поради големата потреба од метални суровини, кои потоа се користат повторно за производство на истите производи или за било кои други метални производи. Во овој сегмент, рециклирањето на лименки може да се издвои како особено лесно и полезно.

Електронски и електричен отпад
Ова е опасен отпад кој содржи низа отровни материи и супстанци, кои ако непрописно се одложуваат, предизвикуваат загадување на околината со испарување на отровните материи со што лошо влијаат на здравјето на луѓето. Тука спаѓаат компјутерите, мобилните телефони, мониторите и останати електрични делови. Од особена важност е да се разбере дека електричниот и електронски отпад мора да биде оложен на соодветно означени места или да се пријави во соодветната институција/компанија за справување со таков тип на отпад.

 

Имајќи го сето тоа предвид може да се заклучи дека селекцијата на отпадот и правилното одложување е првиот, значаен чеков во процесот на рециклирање. Затоа, изберете соодветна корпа за отпадоци која ќе ви го овозможи токму тоа: