Дизајн, Ентериер

Фенг-шуи: наука или спиритуалност

Не е реткост поимот фенг-шуи единствено да се поврзе со начинот на уредување на домот, иако тоа претставува многу повеќе од мистичен распоред на елементите околу вас со цел обезбедување на некоја благосостојба. Се работи за исклучително добро разработен концепт на живеење и работење во адекватно опкружување кое може да помогне во намалување на опасностите, ослободнување од непотребното и забрзување на задачите кои треба да се извршат.

Иако, како поим е осмислен да допринесе кон начинот на живеење и функционирање во просторот до постигнување на оптимални резултати, сепак традиционално се опишува преку протокот и кружењето на енергијата на животот наречена Чи која е зависна од Јинот (позитивната енергија) и Јангот (негативната енергија).

Овој начин на презентирање на концептот овозможил негово монетаризирање преку специјализација на лица во областа. Но, секако монетаризирањето е исклучително можно кога постојат лица подготвени да платат за истото.

Тој пристап кон концептот се почесто доведува и до различни негови интерпретации во поглед на здравјето, среќата и богатството на луѓето. Некои од попопуларните искази во овој поглед се:

  • Белата и сивата боја се употребуваат за да се презентира металот, сината и црната за водата, додека пак земјата е претставена со нежно жолта, светло кафена или боја на песок.
  • Зелената боја влијае на подобрување на здравјето, а белата за успех во кариерата.
  • Енергетските центри во домот се дефинираат во спалната, тоалетот и кујната за кои треба да се посвети особено внимание во уредувањето.

Исказите се бројни, но останува на корисниците дали овој пристап ќе го анализираат од спиритуален, чисто научен или ќе пристапат кон комбиниран поглед со цел да си ги објаснат ефектите од овој начин на живот.