Дизајн, Ентериер

Исто потекло, значителни разлики во уредувањето

Иако се работи за истиот континент и истиот народ, во САД луѓето на источниот и западниот брег презентираат значителни разлики во стиловите на уредување на нивните домови. Иако сепак стилот претставува индивидуален пристап кон убавото, сепак доколку се направи груба класификација може да се увиди дека:

  • ИСТОК

Луѓето што живеат на истокот се повеќе заинтересирани да „играат“ безбедно и да користат поконзервативни модели. Тие ја бараат софистицираноста и елеганцијата, додека се фокусираат на потрадиционален изглед и чувство на топлина во домот. Бидејќи многу домови на источниот брег се постари, природно е дека овие традиционални стилови почесто се практикуваат. На источниот брег, луѓето обично имаат тенденција традиционалните предмети кои ги користат да го истакнуваат луксузниот, а сепак автентичен декор на нивниот дом. Во голем дел од домовите, гледајќи во дневната соба или трпезаријата, вообичаено ќе имате можност да забележите декор што е многу поформален, отколку на западниот брег, поради што тие се сметаат за простории за специјални прилики, семејни собири и други ретки прилики. Така, тие ќе бидат украсени со антиквитети, прекрасен мебел и други луксузни украси.

  • ЗАПАД

Западниот брег во САД е карактеристичен по лежерниот стил, помодерен пристап на уредување и често со влијанија од останатиот дел од светот, особено прифаќајќи ги концептите на минимализам, фенг-шуи и слично. Таму може да се забележи едноставност во домашниот декор, кој е поприроден, ориентиран кон истакнување на белината во просторот, но со стремеж за внесување на природата во домот, преку декорирање со многу зелени, листести растенија и користење на природни или рециклирани материјали. Поради тоа, во трпезариите и дневните соби може да се најдат маси и столови направени од дрво или направени од материјал кој потсетува многу повеќе на природата и природниот свет.

 

Уредете го вашиот дом со КАРЕС.