Ентериер, Мебел

Componibili: еклектичен пристап во уредувањето

Еклектичните ентериери се повеќе се во мода и голем број од препознатливите стилови од минатиот век се враќаат на „голема врата“ во денешницата. Овие стилови наметнуваат интересна игра при комбинирање на различни форми и стилови во мебелот, што овозможува комплетно исфрлање од мода на комплетите од неколку парчиња мебел, со идентични форми, стилови, бои и материјал за изработка, наменети за една просторија. Оваа промена во уредувањето најмногу може да се забележи во спалните соби каде што комплетите од плакар, две комодички и тоалетна маса беа елементи кои незамисливо беше да ги купиме одделно.

Комодите кои секогаш се поставуваа од едната и од другата страна на креветот и најчесто се забележуваа во коцкаста или правоаголна форма, со фиока или вратичка, сега можеме да се најдат во најразлични форми како кружни масички или пак во ретро облици со закосени ногарки.

Совршен пример за овој нов пристап се комодите од Kartell, Componibili, кои се еден од најпознатите производи на компанијата и долгогодишен бестселер од 1967 година, со кој се ужива во неговите совршени дизајни и можности за уредување.

Со овие примери може да се забележи дека комодите не само што стануваат еден украсен елемент од спалната соба, туку се и целосно независни од останатиот мебел и на тој начин го презентираат главниот впечаток на просторијата.

Покрај ваквите необични форми, голема улога играат и столните лампи или висечките авангардни лустери, кои исто така го надополнуваат изгледот.