Почитувани потрошувачи,

во продолжение можете да го погледнете визуелното упатство за купување кое ќе Ви помогне за побрза и полесна навигација во процесот на селектирање и плаќање на производот за кој сте заинтересирани.

1. Изберете го вашиот производ од интерес
Изборот можете да го направите преку користење на директен линк или преку пребарување на веб страницата преку некои од достапните начини на навигација низ веб-страницата (категории, поле за пребарување, специјални копчиња).

2. Поставете го избраниот производ во кошничка
Доколку производот има повеќе варријации, изберете ја посакуваната, изберете ја количината која сакате да ја купите и поставете го производот во кошничка, по што продолжете кон плаќањe.

3. Пополнете го формуларот и завршете ја нарачката
Пополнете ги сите полиња означени со *, останатите полиња пополнете ги само доколку сметате дека се важни за вашата нарачка.

Изберете дали плаќањето ќе го извршите со картичка, при достава или про-фактура. Плаќањето со картичка се процесира веднаш, нарачката се испраќа следниот работен ден, а испораката е вториот работен ден по правењето на нарачката.

Опцијата плаќање при превземање, ви овозможува нарачката да ја платите дирекно кај доставувачот при превземање на пратката.Ве молиме имајте предвид дека испораката се наплаќа дополнително при доставата и чини 120 денари или повеќе за поголеми пратки. Откупнината изнесува 30 денари за нарачки до 3000 денари, или 1% од вкупната сума за нарачки од над 3000 денари.

Доколку го изберете начинот за плаќање со про-фактура, потребно е да го уплатите износот на налогот преку банка (или електронско банкарство) на прикажаната сметка на КАРЕС ГРУП ДООЕЛ Скопје. По плаќањето потребно е да го испратите налогот на [email protected], по што се процесира нарачката и се испраќа следниот работен ден.

4. Достава
КАРЕС ГРУП ДООЕЛ Скопје во моментот соработува со служба за достава „ЕКО-ЛОГИСТИК“, а доставата е 120 денари за целата држава. Износот за достава се плаќа директно на курирот при самата достава.